Свештеник станал советник на Ерменскиот претседател за прашања во врска со образованието
Претседателот на Ерменија Серж Таргсјан го назначи за свој советник за прашања во врска со образованието свештеникот од Ерменската црква Матевос Арамјан. Вакво назначување се случува за прв пат во историјата на република Ерменија, истакнуваат локалните медиуми. Од прес службата на претседателот соопштија дека назначувањето се случило во согласност со Уставот за администрација на претседателот и дека новиот советник ќе работи бесплатно, врз општествени принципи.
Духовникот, којшто се очекува да игра суштествена улога во изготвувањето на државната политика во врска со образованието во земјата, е роден во 1966 год., и е познат по својата активна просветна дејност – тој е радио и телевизиски водител, автор на образовни програми, претседател на Советот на покровители на училиштето за надарени деца („АЙБ”), автор на сценарија и продуцент на документарни филмови. Тој е семеен човек и има седум деца.
|