ВРВОИ – Анте Поповски
Во голема возбуда тој се обѕрнуваше зад себе да провери до каде се другите што го следеа а потоа одново продолжуваше да лази чипчејќи се со раскрвавените прсти за карпата, за коренчињата, за стебленцата.... А кога се искачија на врвот тој им рече да погледаат долу, во провалијата, и дури тогај тие забележаа дека на тоа место месечината и ѕвездите им се поблиску отколку земјата. -Нашето беше до тука, им рече тој, оттука нагоре само душата може да се искачи!
Извор: "МКД"
|