Празнина КОЈА сјае: Македонија Saturday, 2025-02-01, 0:54 AM
Welcome Guest | RSS
Main | File Catalog | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
My files [620]
Фајлови [11]
Фајлови уште еднаш [8]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Files » My files

    Супермаркет
    2013-12-13, 7:50 PM

    Супермаркет


    Сите професори по философија, кога предаваат за постанокот на светот, несвесно навиваат или за духот, или за матeријата, така што учениците, уште од мали нозе, се соочуваат со апсурдноста на дилемата.

    Лутајќи меѓу најновата колекција на нивеа сапуни за раце, се прашувам дали проблемите на денешниот човек се разликуваат во корен од оние во времето на Вавилонската кула?

    Каков шок за сетилата е таа блескавост од милиони предмети изложени на неколку m2! Има нешто многу привлечно во тој блесок, нешто што ти го вади умот од засолништето и го понадворешнува, го става надвор од неговата матична територија, срцето. И ти се лепи умот за црвени, жолти, зелени, златни етикети со убави букви, коишто те мамат да ги земеш, да бидаттвои. Наместо кило јаболка и некое доматче и пиперка, излегувам со боја за чевли, електрично перниче за греење нозе, една дршка целер (не баш свежа) и т.н. Си мислам, ех, ех, еден човек бев пред да влезам, а друг откако излегов. Влегов без, а излегов со.

    И си велам (тетеравејќи се помеѓу сто видови кечап во конзерви, во пластични кеси, во шишиња, во цевки, во капсули) може ли материјата да има моќ над човекот?

    Одговорот е од другата страна на гондолата, во царството на чипсовите. Ако успеам да не купам, нема.

    И таман мислев дека се извлеков, кога налетувам на цел кордон свеќи, во секаков облик и на секаков начин. Особено неодоливи миризливи, во чашки, коишто по стопувањето на восокот можат да се користат за пиење вода. Ем убаво ем практично. Ај сега, нека ме одмине оваа … чашка?!!

    Неочекувано, проверувајќи да не случајно во комплетот има некоја напукната чашка, ми се открива историјата за Вавилон. Кога ја граделе кулата, таа била толку убава, (Дубаи), што била речиси иста како Бог, ама не била Бог. Но заради убавината на кулата луѓето заборавиле на вистинската убавина којашто е Он.

    Убавината само потсетува на Него, но не е Он. И во тоа се крие замката – да те задоволи надворешната убавина, да ти ги успие сетилата, и умот, како пијан, со погрешната ствар под пазувите, да мисли сиромавиот дека го пленил пленот.

    Сепак, одбрав жолтеникав кристал, полско производство. Ете го Вавилон – привидната убавина, ми се вгнезди во корпата, стуткан меѓу тубите хидратантна крема и маска од краставици за мешана кожа, додека умот подрипнува од радост, небаре се качил на незнам кој кат од кулата, пред Бог да ја урне.

    А касиеркава, некако чудно ме гледа, под око. Се прашувам, дали наместо цената, ги чита мислите?

    Wash and go.

    Галијана Маркова
    Полигони, Темплум

    Category: My files | Added by: Вељанко
    Views: 210 | Downloads: 0 | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025