Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2025-01-30, 10:11 AM
Welcome Guest | RSS
Main | File Catalog | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
My files [620]
Фајлови [11]
Фајлови уште еднаш [8]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Files » My files

    21 Ноември 2012 “Тајната на Бат Бадгерд“-стара иранска бајка
    2013-08-30, 5:35 AM
    Големиот и благороден принц Хатим Таи добива наредба од својот крал да го истражи мистериозниот Бат Бадгерд (замок на непостоењето). Кога му се приближил, откако доживеал многу опасни авантури, слуша дека никој не се вратил од него, но го продолжува патот. Го пречекува бербер со огледало во една тркалезна градба и го води во бањата, но штом принцот влегол во водата се слуша громогласна бучава, сосем се стемнува, берберот исчезнува, а водата полека почнува да расте.
    Хатим очајно плива се додека водата на крајот не стигнува до врвот на тркалезната купола што го формира покривот на бањата. Сега тој се плаши дека е загубен, но се помолува и го грабнува централниот камен на куполата. Повторно се слуша громогласна бучава, се се менува и Хатим стои сам во една пустина.
    По долго и болно скитање доаѓа до една убава градина сред која има круг од камени статуи. Сред статуите гледа папагал во кафез и еден глас одозгора му вели: "О, јунаку, ти веројатно нема да излезеш жив од оваа бања. Еднаш Гајомарт (Првиот човек) најде огромен дијамант што светеше посилно од сонцето и од месечината. Реши да го сокрие каде што никој не може да го најде и затоа ја изгради оваа волшебна бања за да го заштити. Папагалот што го гледаш тука е дел од таа маѓија. Покрај неговите нозе лежат златен лак и стрела на златен синџир и со нив можеш да се обидеш три пати да го отепаш папагалот. Ако го погодиш, клетвата ќе исчезне; ако не, ќе бидеш скаменет како сите овие луѓе".
    Хатим се обиде еднаш и не успеа. Нозете му се скаменија. Уште еднаш не успеа и беше скаменет до градите. Третиот пат ги затвори очите извикувајќи "Господ е голем" и на слепо истрела и овој пат го устрели папагалот. Зататни гром, се дигнаа облаци прав. Кога се се смири, на местото на папагалот стоеше убав огромен дијамант и сите статуи повторно оживеаја. Луѓето почнаа да му заблагодаруваат за своето спасение.

    "Тајната на Бат Бадгерд"-стара иранска бајка
    Category: My files | Added by: Вељанко
    Views: 247 | Downloads: 0 | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025