Изјава на родители за невакцинирање на малолетни деца и Закони на кои може да се повикате
Се повикувам на Меѓународната класификација на болести и сродни здравствени проблеми 10 ревизија, книга 1, член З 28 (Z 28), каде во точка 0 и 1 стои дека секој родител може да одбие вакцинација на своето дете не само поради здравствени причини туку и поради лично и/или верско убедување. Во издавањето на оваа книга учествувале Републичкиот завод за здравствена заштита и Министерството за здравство.
Оттука изјавувам дека одбивам моето дете _________________________, роден/а на _________________ година да прима вакцини.
Исто така се повикувам на Законот за заштита на правата на пациентите член 14 : Право на прифаќање и одбивање на определена медицинска интервенција, Каде во став 1) се вели: Пациентот има право да прифати или одбие определена медицинска интервенција, освен во случаите на медицински интервенции чие одложување или непреземање би го загрозило животот и здравјето на пациентот, односно животот и здравјето на други лица или би прдизвикало привремено или трајно оштетување на неговото здравје, односно здравјето на други лица. Во став 2) стои дека „Прифаќањето или одбивањето на определена медицинска интервенција пациентот го изразува со потпишување на изјава, а во членот 15 став 1) се вели дека за малолетни лица „изјавата од член 14 од овој закон ја потпишува неговиот родител". Во став 2) се вели дека „во интерес на пациентот, лицето од ставот 1) на овој член може да ја повлече изјавата во било кое време, на ист начин на кој е дадена".
|