Анте ПоповскиНа Блаже Конески
Прекрстив скелет од колци вкопани в земја, соѕидав ѕидишта, нафрлав кал, и секој ѕид му се оѕиваше на сонцето. Направив убаво огниште: со синџир, со полица, со чингели, со тланик, дигнав висок оџак и утринум гледав со чадот нагоре како шетаат и моето тело и моето дивно име: ниско под земјата – високо над ѕвездите. Во мислите го видов јас својот дом – колку за својот костур, меѓу еден манастир и едно езеро. И имаше само една врата мојот дом – колку да влезам во него; и една постела покрај огништето – колку да легнам во неа: сам со својата смрт, како со невеста – во ноќ на затруднување. Извор: "Репер"
|