Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2025-01-30, 9:34 PM
Welcome Guest | RSS
Main | File Catalog | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
My files [620]
Фајлови [11]
Фајлови уште еднаш [8]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Files » My files

    23-11-2012
    2013-08-30, 5:38 AM

    Кој ја испишува новата реалност во Македонија?

     

    Ова е специјална војна. Операцијата со поддршка на ЕУ почна во 2001 година. Рамковниот договор, инаку илегален документ од криминална природа, веќе произведе нови факти на теренот. Линиите на разграничување со УЧК, додека се преговараше во Охрид, станаа подоцна основа на новата територијална поделба. Исчезна асномската преамбула. Знамето на државата Албанија и неговата примена во Македонија стана уставна норма

     
     
     
    Карл Билт е познат европски политичар од шведско потекло, кој својата интернационална кариера ја изгради претежно на просторот на „Западен Балкан". Како своевиден „експерт" за Балканот, ладнокрвниот Швед со воденикав поглед особено се прослави со својот талент европското безобразие, варваризам и непринципиелност да ги претставува како рационална, мирољубива и модерна политика. Негов омилен израз беше „нужноста од уважување на новопроизведените факти на теренот". Се разбира, на секој интелигентен човек му е однапред јасно дека ако некој фактор, сила пред нешто да се случи, каже дека ќе ги уважи новонастанатите ситуации, тоа е исто како да сте објавиле оглас со кој ги каните сите заинтересирани да тргнат во создавање нови факти на нечиј терен. Кога циникот Билт првпат го изрече ова во екот на постјугословенските војни, јас влегов во полемика со него. Новите факти на терен своевремено ја раскурцаа БиХ, па Србија, па на крајот и Македонија. Како резултат на новопроизведените факти на терен никнаа дејтонска БиХ, рамковна Македонија и „државата" Косово. Сега тие се проблем. Не оние што им наместија игра, не Брисел и Вашингтон, туку оние што станаа жртви на таа игра. Нормално, ЕУ се прави мутава како да не е креатор на проблемите што ги произведува нејзината заедничка надворешна политика. Ќе ви постават овие од Брисел нагазни мини, а потоа нивните комесари ќе ви праќаат пораки на загриженост полни со добронамерни совети да си го исчистите дворот од мини за да не експлодирале во нивниот ексклузивно уреден двор. Не се ли сеќавате? Така Македонија стана светско безбедносно прашање. Овие од ЕУ ладнокрвно го предадоа спорот со Грција на ООН за да не ја признаат како независна држава. И ние уште се давиме со Нимиц.

    Албанците во регионот, заедно со Грците, Бугарите и повремено со Романците, се постојани учесници на тендерите што ги распишува ЕУ на просторот што го озаглавија како некаковси Западен Балкан. Имајќи функција на нагазни мини и ангажирани минери што се под заштита, покрај тоа што ги чистат старите европски срања, синхронизирано серат за свој ќеф, обележувајќи ги така границите на она што мислат дека е нивен иден ексклузивен имот. Со други зборови, со дозвола на Брисел, прекривајќи се со плаштот на демократија, права, процедури, инсталираат нови факти на теренот што не е нивен. 

    Бившиот министер за здравство, сега портпарол на ДУИ, ни порача дека поставувањето на државното знаме на Албанија на висок јарбол во некоја вукоебина близу Кичево не било никаква провокација упатена кон државата Македонија, туку чин на визионерство. И јас се согласувам. Овој акт е симбол на визијата за голема Албанија. За Македонија како држава на Албанците. За интеграција на сите територии што Албанците ги одбележале како свои, креирајќи нови факти на теренот.

    Ова е специјална војна. Операцијата со поддршка на ЕУ почна во 2001 година. Рамковниот договор, инаку илегален документ од криминална природа, веќе произведе нови факти на теренот. Линиите на разграничување со УЧК, додека се преговараше во Охрид, станаа подоцна основа на новата територијална поделба. Исчезна асномската преамбула. Знамето на државата Албанија и неговата примена во Македонија стана уставна норма. 

    „Наивниот" политичар Бранко Црвенковски, кој здушно го промовираше овој криминален чин на разградување на македонската држава за која, види чудо, уште се фали дека тој ја создал, велеше дека со рамковниот договор биле исцрпени сите, па и најрадикалните барања на Албанците. Од тој момент до денес секој гледа дека рамковниот бил само почеток на бескрајната низа на новопроизведени факти. 
    Добро, нему веќе никој не му зема за кусур за она што го кажал или допрва ќе го каже зашто народот на Македонија веќе знае дека „со ситни души не се гради држава". Ама, сега се на испит оваа генерација политичари на кои Македонците им го доверија управувањето со државата. А сѐ ми се чини дека и дечкиве што се на власт како да не се сосема на чисто оти создавањето нови факти на теренот бара брза, добро подготвена и беспрекорно изведена државна контрареакција пред да почне некое вакво срање. 

    На пример, на циничното објаснување на Али Ахмети дека и Гоце Делчев ги уважувал Албанците и нивната борба против османлиите, до толку што си ставил на глава кече, партнерот од коалицијата мораше да му возврати со одговор дека токму ова е доказ дека Делчев (и неговата раса) не се проблем. Гоце и со овој акт покажал дека е нобл, џентлмен и рицар. Проблем се Али Ахмети и неговите национални идоли. Нив од Гоце и од нас како негови потомци ги дели непремостлив цивилизациски јаз. Ахмети на пример никогаш и со ништо не манифестирал уважување кон партнерот за соживот дури и откако бил амнестиран за неговите ѕверства, дури и откако е легализиран како политичар, исплатен и натплатен. Тој уште нема прозборено на македонски, а камоли да се поклони пред македонско државно знаме или да облече дел од македонска носија. Тој сѐ уште е кандидат за човек. Транзитира. И наместо од него да се бара да ги исполни условите за прием во нормална човечка заедница, му се дозволува тој да ни го наметнува својот дивјачки танц како државно уредување. 

    Ете, зарем уште пред очи не ни се метка она министерче, кобајаги за одбрана, кое во Слупчане инсталираше нов факт на теренот, а тоа е тотално да ги компромитира и врховниот командант и премиерот. На неговата терористичка акција тие возвратија со процедура. Како последица остана реалниот факт дека тие немаат реална власт и сила за да ги спроведат постојните закони на кои темел им е Уставот. 

    Учките пак ги цимаат македонските институции, ја држат во шах-позиција цела нација и држава и, пак, нека ми каже некој дека фингираната војна во 2001 и инсталирањето бандити во државните институции не беше смислена операција за трајна либанизација на Македонија. 

    Ваквото водење одговорна државна политика во ненормални услови е крајно опасно зашто го подрива самочувството на народот, ја зголемува недовербата кон државните институции, го јакне домашниот талибанизам, испраќа порака кон светот и особено кон заинтересираните „конкуренти" дека македонските политичари се колебливи слабаци без идеи и одважност, а државата Македонија нестабилна творба што само што не се урнала. 

    Од функционерите што раководат со државните институции сега очекуваме да ги отстранат последиците од последната „визионерска" провокација на ДУИ.

    Нека бидат паметни, рационални, итри, вешти и нека смислат вистински звучен, а ефектен европски одговор полн со уважување на демократијата, процедурите, елеганцијата. Нека засадат дрво на соживотот (топола) во Грешница, Зајас, Осломеј, Струга веднаш под јарболот на албанското државно знаме или целиот простор нека го исполнат со џбунови од шипинки, ем тоа уште пред да почне паналбанската забава, а сликите од македонскиот државен одговор (со детали) нека им ги испратат на воените аташеа во амбасадите. За спомен и долго сеќавање на новосоздадената фактичка реалност - Република Македонија. 

    За буквалистите да појаснам дека испраќам шифрирана симболична порака до оние што знаат да ја дешифрираат. 
     
       
    Автор: Mирка Велиновска
    Category: My files | Added by: Вељанко
    Views: 206 | Downloads: 0 | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025