Тодор Димитровски
Тодор Димитровски е македонски лингвист, книжевен историчар, теоретичар и преведувач.
Тодор Димитровски е роден е во с. Подлес, Велешко на 19 февруари 1922 година. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Работел како научен советник во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје. Бил претседател на Сојузот на литературните преведувачи на Македонија (1982-1989). Почесен член на ДПМ. Автор е на книгите: еден од составувачите на Речник на македонскиот јазик, 1-3 (1961 - 1966), еден од авторите на Правопис на македонскиот јазик, Григор Прличев, Собрани текстови, приредил (1974), Коле Неделковски, Стихови, приредил (1975), За македонскиот јазик, редактор, коавторство (1978), Коле Неделковски, Собрано дело, предговор, коментар, избор и редакција (1981), Од Пејчиновиќ до Рацин (1982), Димитрија и Константин Миладиновци, Зборник на народни песни, редактор, коавторство (1983), Речник на македонската народна поезија, кн. 1-2, редактор (1983-1987), Речник на Бели мугри на К. Рацин (1990), Речник на литературните изрази (1996), Подвигот на Миладиновци (2000), Нивната мака на перото (2000), Галичник и Мијаците (2000). Преводи: Слово за походот Игорев (1960). Добитник на наградите: „11 Октомври“, „Кирил Пејчиновиќ“, „Златно перо“, „Григор Прличев“.
Извор: “Википедија“
|