Празнина КОЈА сјае: Македонија Saturday, 2025-02-01, 1:11 AM
Welcome Guest | RSS
Main | File Catalog | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
My files [620]
Фајлови [11]
Фајлови уште еднаш [8]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Files » My files

    Атанас Бадев
    2014-03-26, 1:28 AM

    Атанас Бадев

    Атанас Бадев (Прилеп, 14 јануари 1860 - Софија, 21 септември 1908) — македонски композитор, хорски и музички теоретичар, еден од првите професионално школувани македонски композитори. Основно образование завршил во родниот град, потоа школувањето го продолжил во Солун и Бугарија, каде матурирал со одличен успех во I-та машка гимназија во Софија. За време на летниот одмор во 1879 г. формирал црковно-училишен хор во Прилеп. По желба на семејството две години студирал математика и физика во Универзитетот во Одеса. По враќањето од Русија се вработил во Солун, со намера да обезбеди средства за понатамошното образование. Музика најпрвин студирал во Синодалната школа за црковно пеење во Москва, потоа кај Мили Балакриев и Николај Римски-Корсаков при Дворската пејачка капела во Санкт Петербург. По завршените студии ја истражувал и собирал македонската народна музика, бил наставник по музика и хорски диригент во Солун. По бунтот на учениците од Солунската гимназија (1896) е преместен во Русе, потоа во Самоков и во Ќустендил.
    Посебно е значајна работата на Бадев врз проучувањето на македонскиот музички фолклор. Од неговата студија „Нотна тетратка“ може да се заклучи дека Бадев е еден од првите теоретичари којшто има укажано на постоењето на сложени, асиметрични метрички групации во македонската народна музика:

     

    7/8 (4+3); 9/8 (2+3+4); 11/8 (3+2+2+2+2)

    жНа првиот музички конгрес во Софија, во 1904 Бадев поднесува и реферат за метричко-ритмичките карактеристики на македонскиот фолклор („За фолклорот и неговите особености во Македонија“). Тоа е прв приказ од овој вид за македонската музика. Трудот не е печатен, како и неговата збирка хармонизирани народни песни, чиј ракописи до ден денес не се пронајдени.
    Компонирал главно вокални дела, световни и духовни. Зачувани се само свеската „Упражнения по черковното пение“ и „Златоустова литургия“, печатена во 1898, од која посебно се изделуваат ставовите: „Иже херувими“, „Јако да царја“, „Хвалите Господа с небес“ и „Христос воскресе“. Тоа дело, пишувано под влијанието на руската духовна музика, сведочи за еден талентиран творец, полн со фантазија и за она време голем мајстор на хорскиот слог како и на хармонскиот и полифоничен начин на компонирање.
    Category: My files | Added by: Вељанко
    Views: 211 | Downloads: 0 | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025