Постојат карактеристики на народната психологија, постојат црти на националниот карактер и гениј кои треба да се сфатат како типски феномен и неизбежен внатрешен двигател на судбината на една земја. Како и да ги објаснуваме - со географските или етнографски услови, со фактите на материјалниот или историскиот процес или со причините на духовниот ред - во секој случај мора да го признаеме нивното постоење, активност и, можеби, провиденцијалност во развојот на народот. Би погрешиле во своите предвидувања на иднината и во своето општествено дејствување ако не ги земеме во предвид како живи сили; и напротив, многу нешта би виделе под површината на работите, во потсвесната сфера на колективната душа во која се сокриваат корените на настаните ако по пат на синтеза и интуитивно проникнување би можеле да ја одгатнеме нивната сокриена природа.
Вјачеслав Иванов “Претчувства и претскажувања“
|