Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2025-01-30, 9:42 PM
Welcome Guest | RSS
Main | File Catalog | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
My files [620]
Фајлови [11]
Фајлови уште еднаш [8]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Files » My files

    30-11-2012
    2013-08-30, 5:44 AM

    Македонија не крева јарболи

     

    Што ти е демонстрација на правна држава! На Косово, во еден протекторат и мафијашко дувло под заштита на Медлин Олбрајт и Весли Кларк, на граничен премин неколкумина обични цајкани спречија поставување знаме на друга држава. Овде, ни цајкан ни војник ни политичар не успеваат да спречат провоцирање цела нација и исмевање цела држава

     
     
     
    ,,Кога државата е во безизлезна ситуација, треба да знаете да ја смените насоката", изјави Кристина Фернандес Кирчнер, претседател на Аргентина. Жената има право. Таа е еден од новите светски национални водачи што го применуваат човечкото искуство - дека големите кризи го активираат креативниот потенцијал за да се изведе спасоносен квантен скок. За тоа треба интелигенција, имагинација, способност за носење одлуки и одважност.

    Ние во Македонија со генерации чекаме да го допреме дното како вистинска шанса кога ќе стигнеме таму, стапнувајќи еднаш на тврдо, да земеме залет и одбивајќи се, да тргнеме силовито кон горе, кон воздухот и светлината. Велам чекаме уште. Како нација сѐ уште не сме родиле одважни водачи од форматот на госпоѓата Кристина, која ја смени насоката на политиката и ја извлече Аргентина од „грчка" должничка криза. А земјата веќе две децении ни е во безизлезна ситуација - заглавена во незавршените балкански војни и кобајаги мировните договори. Дури и поразената Отоманска Империја успеа да се крене на нозе откако Кемал Ататурк драматично ѝ ја смени насоката на земјата, а, ете, Македонија тоа не го успева. Се труди сиромашката да ги исполнува сите однадвор зададени домашни задачи. Трпеливо живее според зададени директиви. Прави сѐ да им се бендиса на сите оние што ги истакнале јавно своите национални, економски и политички интереси. Трпи молкум удари од сите страни, живее во перманентна економска блокада, оди на прсти, нечујно, за да не вознемири никој жив. Говори тивко за да не ѝ забележи некој нешто, та да ѝ подвикне строго или да ја рангира пониско. Чека позитивни извештаи, се радува на добри оценки од некаквиси агенции на кои (за пари) тоа им е работа. Се радува ако некојси професионален делител на пригодни комплименти ќе ја пофали. Води политика во најава. И чека. 
    Е, ама никогаш не научи дека дури и Господ ги слуша молбите на оние што ќе си купат, ќе го пополнат и уплатат тикетот за лото. Тоа со нашиот простоземски политички речник значи „проактивност". 

    Албанците од Балканот доста бучно го прославија својот национален празник - 100 години од формирањето на Албанија. На денот на славјето, скопјани превентивно се повлекоа од Скопје, се затворија во своите домови, препуштајќи ѝ ги улиците на славеничката сеалбанска глутница. И овојпат на увид на европската јавност ја ставија својата инстинктивна национална агенда. Како пци креваат нога пред дрво и со мочка го означуваат просторот што го сметаат за своја територија на владение. Овој пат во Македонија кренаа на јарболи албански државни знамиња. По рамковен! По Уставен суд. По државна политика. За разлика од „државата" Косово, која такво нешто не дозволи, иако таму Албанците се речиси сто отсто етнички „чисти", како и Грците во Грција. Што ти е демонстрација на правна држава! Таму, во еден протекторат и мафијашко дувло под заштита на Медлин Олбрајт и Весли Кларк, на граничен премин неколкумина обични цајкани спречија поставување знаме на друга држава. Овде, ни цајкан ни војник ни политичар не успеваат да спречат провоцирање цела нација и исмевање цела држава. 

    Е, ама затоа нашиот премиер Никола Груевски, како примерен евроатлантски ученик, имајќи ја на ум директивата на комесарот Штефан Фуле за добрососедските односи како услов за некакваси глупа дата, која ама баш ништо не значи, не се колебаше ни за миг да отиде во Тирана и одважно, во наше национално име, да присуствува на церемонијата на палење на македонското државно знаме и патем да прими некое јајце и шише како возвратен дар, а во име на добрососедството со Албанија. Пошто Тирана нема добиено од никого ни во Брисел, ни во Вашингтон, слично упатство за добрососедство, пошто ни во Тирана ни во Скопје деновиве со свои строги изјави не се огласија американските и европските амбасадори, а за да го крене самочувството на Македонците, дури мораше храбро ем одважно да настапи шефот на државата ни, лично Ѓорге Иванов. Тој одби да отиде на премиерната изведба на прославата во Албанија и да ја сподели радоста со Сали Бериша. Баш фино ем „учинковито". И во духот на мудрата македонска државна политика, која реагира отпосле. Па да! Кога веќе по устав и како врховен командант не може да испуди ни двајца „офицери" учки во АРМ што ги испоганија македонскиот суверенитет и државност летоска во Слупчане, може барем да демонстрира протоколарна гордост во името на непризнаениот и понижен народ, кој константно се разочарува од капацитетите на сопствената држава. Така е тоа кога си имаме влада и премиер што се мотаат низ Вашингтон за да ја демонстрираат сопствената лојалност кон американската хегемонистичка политика додека овде се местат кулисите за трето балканско полувреме. Неуморниот ни премиер активно преговара за обука на македонските јавни лекари во американските приватни болници пошто сите други работи ги заврши успешно. 

    Бугарите се огласија со најава. Ни ветија дека, по Грците и Албанците, и тие ќе почнат да подмочуваат по нашите дрвја. И тие имаат свој план за развој на добрососедството. За почеток од три точки. Која од која „похубавички". Сега е на потег префинетиот Никола Поповски, кој одговара на испорачани меморандуми.
    Фашистите и официјално и јавно ја запоседнаа Грција. Ни испратија исто како и Албанците визионерски јасна порака на добрососедство. И таа е во духот на најдобрите европски традиции. По охрабрувачкиот гест на амбасадорот Орав, кој во Брисел прелиминарно нѐ прекрсти во „славомакедонци", не чекавме долго да ја слушнеме грчката алтернатива. Нѐ крстија „циганоскопјани". За севкупна употреба де. Добро, Европа одамна не е чувствителна на манифестација на фашизмот, тоа добро го знаеме. Таа дури во името на иднината, елегантно го избриша од сеќавање 9 мај од проста причина што фашизмот го практикува како мејнстрим-политика. Затоа не реагира на вакви свинштини. Е, ама да исцртаа двајца македонски панкери некој кукаст крст на некоја селска тараба, ќе вреснеа до небо, ќе глумеа длабока загриженост, ќе сложеа загрижени фаци и ќе се истовареа на „Александар Велики", во истиот момент за да ја споделат таа своја грижа за нашето ментално здравје и евроатлантска просперитетна иднина. 

    До кога бе господо државници ќе нѐ изложувате и нас како народ и државата Македонија на резил и мајтап? Човече! Дојде време Тома Николиќ и Ивица Дачиќ (малиот на Милошевиќ) да ни држат лекции за државотворност, авторитет и креативност! Фашистичка Златна зора да ги исмева Обединетите нации, реинкарнираните банди на Џемо да маршираат, Теута Арифи да ја претставува Македонија, а фашизираната поразена Бугарија да ни испраќа ултиматуми! 

    Потпретседателот на Руската Федерација (одговорен за воената индустрија), Димитриј Рогозин, од Белград ни испрати порака за страните на светот, за алтернативи и излезни решенија, за решеноста на Русија да го брани меѓународното право по секоја цена зашто го платила со 27 милиони руски животи во Втората светска војна, а нашиве уште не чуле за компас ни за Совет за безбедност. Им заглавила иглава па тоа ти е! Бркаат инвестиции во Лос Анџелес. Се насочиле кон автомобилската индустрија како своевремено кон АМБО. 

    А што да кажам уште! Веројатно ќе мора да ја попричекаме следната генерација за да мрднеме од дното. Нормално, ако го дочекаме на нозе третото полувреме. Нашиот стогодишен јубилеј уште не е ни на повидок. Како што гледате, ниту подмочуваме дрвја ниту креваме јарболи. Не сме се ни огласиле надвор од плоштадот „Македонија". Едноставно, по традиција продолжуваме да си живееме „богат" внатрешен живот исполнет со самолишување. 
     
       
    Автор: Mирка Велиновска  
     
     
    Category: My files | Added by: Вељанко
    Views: 211 | Downloads: 0 | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025