Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2025-01-31, 8:00 PM
Welcome Guest | RSS
Main | File Catalog | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
My files [620]
Фајлови [11]
Фајлови уште еднаш [8]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Files » My files

    Компакт диск „Од композиторскиот опус“ на Михајло Николовски
    2014-12-10, 7:09 AM

    Компакт диск „Од композиторскиот опус“ на Михајло Николовски

    Сојузот на композиторите на Македонија - СОКОМ го објави новиот компакт диск „Од композиторскиот опус“ на Михајло Николовски (1934-1994). Изданието е посветено на годишното одбележување на 80 години од раѓањето и 20 години од смртта на истакнатиот композитор и педагог и содржи избор на дела од неговиот хорски, камерен и вокално-инструментален опус. Неодамна, во издание пак на Центарот за музикологија - ЦЕМ беше објавена и монографијата „Михајло Николовски - нашиот Папа Франк“ од музикологот Тина Иванова, посветена на животот и делото на овој голем македонски музички и педагошки деец.

    Михајло Николовски (1934-1994) припаѓа на генерацијата македонски автори што во шеесеттите години го овозможи историскиот пресврт со кој македонското музичко творештво фати приклучок со најсовремените светски композиторски струења. Со своите сфаќања за музиката, градени меѓу другото и преку неговото школување во Белград (во класата на проф. Милутин Раденковиќ), тој не тргна по патот на некритичкото прифаќање на тогаш рецентните творечки струења, туку со силата на сопствениот творечки импулс нив „ги пушти низ филтерот“ на сопствениот музички сензибилитет. Од таа средба се родија низа маркантни солистички, хорски, камерни, оркестарски и вокално-инструментални композиции со чија помош ризницата на современото македонско музичко творештво стана побогата за неколку десетини значајни композиции од повеќе музички жанри. Творечкото кредо на Михајло Николовски се манифестираше низ неколкуте камерни и хорски композиции настанати во педесеттите години во кои преовладува неоромантичарскиот музички израз. Уште во нив се препознава дека неговата мелодика ќе извира од фолклорното подрачје од коешто потекнува тој, но и дека во неговите дела таа ќе добива други бои. И дека понекогаш присуството ќе биде само флуидно. Ниту годините на неговата високошколска наобразба и осознавањето на тогашната светска „модерна“ нема особено да го помести од тој базичен пат во кој чистата музичка форма и архитектониката на делата нема да отстапат пред налетот на тогашните музички трендови на светската авангарда. Своите стручни знаења и творечки искуства Николовски во децениите што следеа потоа, како истакнат педагог ги пренесе врз повеќе генерации музичари кои денес го сочинуваат `рбетот на музичкиот живот кај нас и во некои од соседните земји. 

     

    МИХАЈЛО НИКОЛОВСКИ - ОД КОМПОЗИТОРСКИОТ ОПУС

    ГУДАЧКИ КВАРТЕТ  / 16.43

    Гудачки квартет  „Гајдов“

     

    МАКЕДОНИЈА – кантата за солист, рецитатор, мешан хор и оркестар  / 20.57

    Милка Ефтимова – алт

    Петар Темелковски – рецитатор

    Хорот и камерниот оркестар на МРТ

    Диригент: Фимчо Муратовски

     

    ИЛИНДЕНСКА ВЕЧЕР за мешан хор  / 4.41

    Хорот на Македонската радио-телевизија

    Диригент: Драган Шуплевски

     

    ВАРИЈАЦИИ за камерен оркестар  / 11.43

    Ансамбл за современа музика „Св. Софија“

    Диригент: Тома Прошев

     

    ЗАПИСИ за алт и камерен оркестар  / 19.13

    Лилјана Зенделска – алт

    Хорот и камерниот оркестар на МРТ

    Диригент: Олџих Пипек

     

     

    Category: My files | Added by: Вељанко
    Views: 261 | Downloads: 0 | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025