Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2025-01-31, 7:55 PM
Welcome Guest | RSS
Main | File Catalog | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
My files [620]
Фајлови [11]
Фајлови уште еднаш [8]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Files » My files

    Кочо Рацин Огномет
    2014-12-13, 4:46 AM

    Кочо Рацин

    Огномет

    Загадочно загрнат со наметка Духот на Сите Нешта подзастанува во одењето
    Со таинственост испрсканите патишта дијалектички свртуваат налево:
    Злокобно се накострешени мртви оџаци на фабриките во небото
    Злонајавно се замолчени пискавите сирени
    И локомобилите, динамо-машините
    И волта-метрите -
    Закочено
    Застанале.

    Пополека
    налик на немиот грч на зајдисонцето
    Настапува апокалиптичната ноќ, и
    Неверојатно!
    како облачна сенка ползи врз сите нешта неизбежната
    Противречност,
    Уривајќи ги со мамутска сила громобраните на светот!

    Противречност!

    Педесетина милиони скапуваат од глад,
    А светот се дави во изобилство,
    Педесетина милиони се одвишни за оваа планета
    И тие можат да се селат на Марс, на шестиот и седмиот континент
    Само овдека не,
    Само не во порите на грбавата планета Земја
    Кадешто секоја стапка
    Му е мета
    На профитот
    На богот на златото,
    Или овде
    Каде срцевината на балканската земја
    Ја цица француското злато!
    Сите нешта станаа конечен јазел!

    По небото треперат одблесоци од далечни пожари,
    Се тресе грбавата топка -
    Длабоко закопана во потсвеста
    Се таложи
    И ги кине мозоците бесната мисла за Конечната Промена,
    Конечниот Расплет
    И големата Разврска -
    Глеј!
    Од зачадените предградија не избива
    Филаптропска строфа
    Туку омраза!

    Подмолниот трескот татни разбеснето -
    Конечниот Расплет со динамитски копнеж
    Ја завршува предисторијата на светот -
    Ваму!
    Синови на челикот
    На големите коксови печки
    Деца на земјината утроба
    И на огромните динамо-машини -
    Наваму градители!

    Минирано е сеништето на богот на Тишината и Редот,
    Господинот бог се дави во златен грч,
    На Вол Стрит е паника -
    Величествениот огномет на противречноста
    Ви го открива патот на одамна сонетиот континент,
    Немоќен е стариот бог за новите нешта и новиот ред
    И фатен е во дијалектичката стапица -
    Градители! На кормилото!
    Право накај шестиот континент!

    Мизеријата ја свртува својата друга страна -
    каква тажаленка, ритам или плач!
    Гори!
    Небото гори!
    Го крвават небото искрите на чудесниот огномет,
    На исток распукува мугра,
    Осамнува -
    Врз пепелта на горливите противречности
    Стои патоказ -
    И џиновски Човек
    Со мускули, железо и молнија
    го гради -
    Новиот Свет!

    Гледајте!
    Гледајте!

    Отворете очи,
    Уши
    И усти!

    Наваму мускули
    Умови,
    Ти прецизна мисло -
    Ти смелост!

    Не е тоа небото во последните доблесоци на сонцето перверзно да крвавее,
    Не се тоа ни водени огледала или слични измислици на безработните будалковци,
    Тоа е агонија на еден умирачки ред на нештата,
    Лом и сотирачка
    Таинствено знамение на вопијуштите за промени
    И сеопфатно откупување
    Во самите нас,
    Вон нас,
    Последен пат
    Засекогаш!

    Гледајте!

    Осамнува!
    Во противречности!

    https://www.marxists.org/makedonski/racin/1932/ognomet.htm

    Category: My files | Added by: Вељанко
    Views: 201 | Downloads: 0 | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025