... Во душевниот живот на човекот наоѓаме сменување на посебни состојби - низа на мисли, желби и чувства. Навистина, таа низа се соединува во самосвест при што сите тие состојби се однесуваат само на јас; но тоа сведување на различни состојби на еден психички фокус, кој го нарекуваме јас, од емпириска точка на гледање, е само една од психичките појави во низата на други. Самосвеста е само еден од актите на психичкиот живот - нашето свесно јас е произведен резултат, условен од друга низа на процеси, а не реално битие. Јас само како акт на самосвеста е лишено само по себе од секоја содржина, тоа е само светла точка во матниот порој на психички состојби...
Владимир Соловјов - Предавања за Богочовештвото
|