Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2025-01-31, 6:57 PM
Welcome Guest | RSS
Main | File Catalog | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
My files [620]
Фајлови [11]
Фајлови уште еднаш [8]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Files » My files

    Владимир Соловјов - Предавања за Богочовештвото (извадок)
    2015-02-04, 5:33 AM

    Во овие две сфери на божествениот свет (духовна и умна) се постоечко непосредно се одредува од божественото начело во двете први претстави на неговото битие. Но ако воопшто стварноста на божествениот свет се состои во взаемно делување на едно и се, то ест на самото Божјо начело и мноштвеноста на битија кои Тој ги содржи, тогаш во тие две први сфери само по себе божествениот свет не може да ја има својата потполна стварност, зашто овде нема вистинско взаемно делување; бидејќи битијата како чисти духови и чисти умови, наоѓајќи се во непосредно единство со Бога, немаат одвоено изолирано или во себе восредоточено постоење и како такви не можат од себе самите внатрешно да делуваат на божественото начело. Всушност, битијата во првата сфера или како чисти духови, кои се наоѓаат во непосредно единство со божествената волја и љубов, имаат овде сами по себе само потенцијално постоење; во другата сфера, иако овие мноштвени битија се издвојуваат од страна на божествениот Логос како одредени објективни претстави, во постојано одреден однос една спрема друга и, според тоа, овде ја добиваат одредената посебност, но посебност чисто идеална, зашто целокупното битие на оваа сфера се одредува преку умното набљудување или чистото претставување. Меѓутоа, таквата идеална посебност на неговите елементи не е доволна за самото божествено начело како единство; за него е потребно мноштвеноста на битијата да добијат своја сопствена реална посебност, бидејќи на друг начин силата на божественото единство или љубов нема да има на што да се манифестира или открие во својата полнотија. Затоа божественото битие не може да се задоволи со вечното набљудување на идеалните суштини (да ги набљудува и од нивна страна да биде набљудувано); нему не му е доволно овие да ги поседува како свој предмет, своја идеја и за нив да биде само идеја; но бидејќи “слободно од завист“, то ест од исклучивост, тоа го сака нивниот сопствен реален живот, то ест ја изведува својата волја од она апсолутно супстанцијално единство, со кое се одредува првата сфера на божественото битие, ја усмерува таа волја на сета мноштвеност на идеалните предмети, набљудувани во другата сфера, и се задржува на секое од нив посебно, се поврзува со нив со актот на својата волја и со тоа го утврдува, фиксира негвото сопствено самостојно битие, кое има можност да влијае на божественото начело, преку чие реално делување и се создава третата сфера на божественото битие. Овој акт (или овие акти) на божествената волја, која се соединува со идеалните предмети или претстави на божествениот ум и која преку тоа им дава реално битие, и е всушност актот на божественото творештво. За негово појаснување може да послужи следното расудување. Иако идеалните битија (или умови), кои го чинат предметот на божественото делување, немаат сами по себе поединечно супстанцијално битие или апсолутна самостојност - што би противречело на единството на суштото - секое од нив претставува некоја идеална посебност, некое карактеристично својство, кое тој предмет го чини она што тој е, и преку што се разликува од сите други, така што секогаш има апсолутно самостојно значење, ако уште не по постоењето, а тоа по суштината или идејата, то ест по она внатрешно својство преку кое се одредува неговиот мисловен или контемплативен однос спрема се друго, или неговиот поим, логос, независен од неговото реално постоење. Но Бог како внатрешно сеединствено или себлаго (битие) во потполност утврдува се друго, имено, својата волја како бесконечна потенција на битието, ја внесува во се друго, не задржувајќи ја во себе како едно, туку остварувајќи ја или објективирајќи ја за себе како сеединствено. Поради карактеристичната посебност која е својствена на се друго, на идејата или секоја предметна претстава (според која таа е тоа), секоја таква претстава, секоја идеја, со која се поврзува божествената волја, не е неактивна во однос на таа волја, туку нужно го модифицира нејзиното делување согласно на својата особеност, му дава свој специфичен тон, го одлева, такаречено во својата сопствена форма, зашто очигледно е дека својството на актуалната волја не е нужно одредено само од она кое сака, туку и од неговиот предмет. Секоја предметна претстава, примајќи ја безграничната божествена волја на свој начин, со самото тоа ја усвојува таа волја, то ест ја прави своја; така, таа волја престанува да биде исклучително божествена: усвоена преку одредена претстава (идеја) од која го добила својот посебен одреден карактер, таа постанува колку сопственост на таа предметна претстава во нејзината особеност, толку и дејство на божественото битие. Значи, безграничната сила на битието, која во Бога секогаш се покрива со акт, зашто Бог секогаш (вечно) посакува или сака се и се има во себе и за себе, оваа безгранична потенција во секое поединечно битие престанува да се покрива со актуалност, бидејќи таа актуалност не е се, туку само едно од сето, нешто посебно. То ест, секое битие го губи своето непосредно единство со Бога, и актот на Божјата волја, кој во Бога, не постоејќи никогаш одвоен од сите други, нема граници, во самото поединечно битие ја добива таа граница. Но така одвојувајќи се, тоа битие добива можност да делува на единствената божествена волја, одредувајќи ја од себе на овој, а не на поинаков начин. Посебната идеја, со која се соединува актот на божествената волја, пренесувајќи му го на тој акт посебниот карактер, го издвојува од апстолутното непосредно единство на божествената волја, го добива за себе и во него ја наоѓа живата сила на стварноста, која и дава можност да постои и да делува од себе како единка или самостоен субјект. Така сега повеќе не се појавуваат само идеални битија, кои имаат свој живот само во актот на набљудување на Бога, туку живи битија кои имаат сопствена стварност и кои од себе делуваат на божественото начело. Таквите битија ги нарекуваме души. Значи, вечните предмети на божественото набљудување, постанувајќи предмети на посебната божествена волја (поточно, правејќи ја посебна, благодарение на својствената им посебност, волјата Божја која во нив делува), постануваат “жива душа“; со други зборови, битијата кои супстанцијално се содржат во скутот на едниот Бог-Отец, идеално набљудувани и набљудувачки во светлината на божествениот Логос, преку силата на животворниот Дух го добиваат сопственото реално битие и делување.

    Владимир Соловјов - Предавања за Богочовештвото

    Category: My files | Added by: Вељанко
    Views: 189 | Downloads: 0 | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025