Добивајќи ја благодатта Божја по пат на молитва, ние ја предаваме на ближните преку милостина,то ест со секој чин во кој кон нив се однесуваме на побожен начин, како што не обврзува нашата вера. Но нашите должности не се ограничуваат само на луѓето. Ние имаме обврски и кон сите оние созданија кои поради нашиот грев трпат и страдаат до денес. Ако сме преносители на благодатта Божја, тогаш мора да го прошируваме нејзиното дејство и на нашата анимална природа и на целиот наш свет; зашто, не треба да се поставуваат граници на богочовечката сила. Како што воплотениот Бог го спасува човештвото, така соединетото со Бога човештво мора да ја спаси целата природа. Бидејќи, како што човештвото во ликот на Црквата е живо тело Христово, така целиот природен свет треба да постане живо тело на обновеното човештво. Сите созданија мора да биде искупени и вклучени во слободата на славата на синовите Божји. Во својата севкупност, тоа е вселенска, светско-историска задача. Но секој при тоа има своја лична непосредна должност: зашто секој во своето тело може да допринесе на искупување на светското тело............
Владимир Соловјов - Духовни основи на животот
|