Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2025-01-31, 4:53 PM
Welcome Guest | RSS
Main | File Catalog | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
My files [620]
Фајлови [11]
Фајлови уште еднаш [8]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Files » My files

    Владимир Соловјов - Духовни основи на животот (извадок)
    2015-02-05, 0:40 AM

    Воопшто, во човекот постои одреден спој на Бога со материјалната природа, што во него претпоставува три составни елементи: божествен, материјален и оној кој тие два ги поврзува - чисто човечки. Вкупноста на овие три елементи и го чини стварниот човек, при што чисто човечко начело е разумот (ratio), то ест, односот на другите две. Ако тој однос се состои во директно и непосредно потчинување на природното начело на божественото, тогаш го имаме првобитниот човек (првиот Адам) - затворен прототип на човештвото, кој се уште не се издвоил од вечното единство на животот божествен. Овде природно човечкото начело се содржи како никулец, potentia, во стварноста на божественото битие. Оваа можност истовремено е можност за грев: несвесно потчинет на Бога, првобитниот човек може свесно да излезе од таа потчинетост. Тогаш тој постанува природен или надворешен човек, кај кого стварноста припаѓа на неговото материјално начело, тој се доживува себе како факт или појава на природата, а божественото начело во себе само како потенција на поинакво битие. Третиот можен однос е кога и Бог, и природата, подеднакво имаат стварност во човекот, а неговиот сопствен човечки живот се состои во активната сообразност на природното начело со божественото, или во слободното потчинување на првото на ова последното. Таквиот однос го чини духовниот човек. Од тој општ поим за духовниот човек следува: прво, за сообразноста на божественото начело со природното да постане стварност во самиот човек, потребно е тоа да се оствари во поединечно лице, инаку би било само реално или идеално взаемно делување помеѓу Бога и природниот човек, при што би изостанала појавата на духовниот човек. За да дојде до вистинско соединување на Бога со природата, потребно е лице во кое тоа соединување би се остварило. Второ, за тоа соединување да биде стварно соединување на две начела, потребно е реално присуство на двете начела, потребно е личноста да биде стварен Бог и стварен природен човек - потребни се обете природи. Трето, за сообразноста во богочовечката личност на обете природи да биде слободен духовен чин, а не надворешен факт, потребно е во него да учествува човечката волја која е различна од божествената и која низ отрфрлање на можните противречности помеѓу нив, слободно ќе се подреди и ќе ја доведе човечката природа во потполна внатрешна согласност со Бога. Така, поимот за духовен човек претпоставува една богочовечка личност која во себе ги соединува двете природи и ги поседува двете волји...

    Владимир Соловјов - Духовни основи на животот

    Category: My files | Added by: Вељанко
    Views: 185 | Downloads: 0 | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025