Истовремено со ерархиското наследување на патот Христов, апостолската општина од првите денови на своето постоење ни пружа докази за Христовата вистина во соборното исповедање на верата, а кое го наоѓаме во зборовите на апостол Петар на денот на Педесетницата. Во заклучокот на таа беседа апостол Петар со малку зборови ја изразува суштината на христијанската вера: “Овој Исус го воскресна Бог, за кое сме ние сите сведоци. И така, Он, откако беше вознесен со десницата Божја и Го прими Светиот Дух, ветен од Отецот, го излеа ова, што го гледате сега вие и го слушате. И така, насигурно нека знае сиот Израилев дом, дека Оној Исус, Кого вие го распнавте, Бог Го направи Господ и Христос“. Оваа проповед, се разбира, не можела да ги претпостави сите оние догматски и богословски прашања кои дури подоцна се појавиле и биле решавани од страна на Црквата, но првобитната основа на христијанската вистина и мудрост - верата во настанот на воскресението на Богочовекот Христос, изразена е веќе и овде многу јасно и решително...
Владимир Соловјов - Духовни основи на животот
|