Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2025-01-31, 4:45 PM
Welcome Guest | RSS
Main | File Catalog | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
My files [620]
Фајлови [11]
Фајлови уште еднаш [8]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Files » My files

    Никола Бердјаев – “ЗА ЧОВЕЧКИОТ ПОЗИВ“ (извадок)
    2015-03-29, 5:22 AM

    Во творештвото постојат две различни страни, два различни акта и, во зависност од тоа на која страна ќе се восредоточиме, ние различно го опишуваме творештвото. Во творештвото постоји внатрешна и надворешна страна. Постои првобитен творечки акт, во кој човекот како да стои пред лицето на Бога, и постои секундарен творечки акт, во кој човекот како да стои пред лицето на луѓето и светот. Постои примарна творечка интуиција, творечка замисла на уметникот, кога тој ја слуша симфонијата, кога му се укажува сликарскиот лик или ликот на поетот, одвнатре, кога тоа се уште е неизразено откритие и пронајдок, внатрешен творечки чин на љубов спрема човекот, која на никаков начин, се уште не се изразила. Во тој творечки чин човекот стои пред Бога и се уште не е обземен од реализацијата во светот и за луѓето. Ако ми е дадено сознание, тогаш тоа сознание не е книгата која сум ја напишал и не е научното откритие кое сум го формулирал за луѓето, а кое влегува во кругот на човечката култура. Тоа, пред се, е мое внатрешно сознание кое на светот се уште му е непознато и не е изразено за светот, таинствено е. Тоа е правото првородно сознание, мојата права философија, додека стојам пред тајната на битието. Следува секундарниот творечки акт, поврзан со фактот дека човекот е социјално битие, реализација на производот на создавањето. Се пишува книга. И тука се појавува она што во творештвото се нарекува мајсторство, уметност. Примарниот творечки акт воопшто не е уметност. Уметноста е секундарна и во неа творечкиот оган се лади. Секоја уметност е потчинета на законот, и во неа, како примарен творечки чин, делува благодатта и слободата. При реализација на производот на творештвото човекот веќе се врзал за светот, го врзале материјалите на светот, тој зависи од другите луѓе, тој е отежнат и оладен. Секогаш постои трагична нехармонија помеѓу творечкото горење, творечкиот оган во кој се зародува творечката замисла, интуиција, лик, и ладнотијата на реализацијата на творештвото во рамките на законот. Ладењето, гасењето на огнот, постои во секоја книга, слика, статуа, добро дело, социјална установа. Веројатно во светот постоеле и постојат творци кои не успеале да се изразат, кај кои имало внатрешен оган и внатрешен творечки чин, но немало реализација, не се создадени производи. Меѓутоа, луѓето творештво го нарекуваат настанувањето на оладени производи. И законот на класичното творештво бара максимална оладеност. Творечкиот оган, творечкото вознесување, усмерени се на изградба на нов живот, ново суштествување, но како резултат се добиваат оладени производи на културата, културни вредности, книги, слики, установи, добри дела. Бидејќи, добрите дела, исто така, се ладење на творечкиот оган на љубовта во човечкото срце, како што философската книга е ладење на творечкиот оган на сознанието во човечкиот дух. Во тоа е трагедијата на творештвото и границата на човечкото творештво. Во таа крајност постои страшен суд на човечкото творештво. Внатрешниот творечки чин би морал во своето огнено движење да го напушти тежиштето на “светот“ и да постане “надвладување на светот“. Во својата надворешна реализација, во производите на културата, творечкиот чин се наоѓа во власта на “светот“ и окован е од “светот“. Но творештвото кое е огнено движење од бескрајната слобода мора не само да се воздигнува, туку и да слегува, и на луѓето и светот да му го соопштува она што настанало во творечкото поимање, замисла, лик, да се потчинува на законите на реализација на производот, мајсторството, уметноста.

    Никола Бердјаев – “ЗА ЧОВЕЧКИОТ ПОЗИВ“

    Category: My files | Added by: Вељанко
    Views: 223 | Downloads: 0 | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025