А сега кратко да разгледаме какви се последиците на либералната глобализација. Првата последица - тоа е хомогенизација на планетарно ниво. Тоа е создавање на еднородни образи и начини на живот, униформизација на однесувањето на штета на народната култура, то ест, скратување на човечкото разнообразие. Тоа може да се нарече распространување и ширење на идеологијата на “еднаквост“, на “истото“. Што е оваа идеологија? Таа е збир на разни учења, и во однос на религиозните учења, и во однос на нерелигиозните учења. Во рамките на овие учења човекот е еден и ист секогаш, и на тој начин, овој човек треба секогаш да создава едни и исти политички и културни системи на штета на разнообразноста на културите на народите, нациите, нивниот начин на живот. Истовремено со тоа гледаме, како на планетарно ниво се воведува општество на надзор, то ест се создава цела серија на методи и технологии, кои дозволуваат да се разоткрие поведението на луѓето, да проверуваат дали луѓето се отклонуваат од нормите. Тука може да ја ставиме контролата на комуникација, почнувајќи од прислушувањето на телефоните, и завршувајќи со поставувањето на системот на видеонадзор. Освен тоа, ова е користење на различни електронски методи на следење, кои дозволуваат да се определи, каде луѓето се наоѓаат, со што се занимаваат, какви се нивните вкусови, итн... И тука може да се констатира вториот парадокс. Имено најголемиот развој од технолошка точка на гледање на општеството денес располага со цел арсенал на средства за шпионирање на сограѓаните, и со такви средства не располагал ни еден режим во минатото. И денес веќе може да се говори за планетарното распространување на оваа појава. Станува збор за западната идеологија, која се зачнала во јасно определен момент на развој на западното општество, и од самиот почеток на потполно неправеден начин се претставувала себе како некоја универзална идеологија. И имено од оваа точка на гледање глобализацијата може да се нарече форма на неоколонијализам. И имено во оваа смисла глобализацијата, исто така, означува откажување или разорување на времето и просторот. Откажувањето на просторот, затоа што се што се случува во некој определен момент во определена точка на планетата, моментално станува познато во другите места на планетата, то ест може да се говори за некое “време нула“.
|