Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2025-01-30, 9:23 PM
Welcome Guest | RSS
Main | File Catalog | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
My files [620]
Фајлови [11]
Фајлови уште еднаш [8]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Files » My files

    Глупчо и императорот ѝ објавија војна на Македонија 28 -12 - 2012
    2013-09-03, 6:22 AM

    Глупчо и императорот ѝ објавија војна на Македонија

     

    Ретко се среќава политичар што во кратко време јавно искажал толку компромитирачки политички ставови на своја и на партиска сметка. Во нормални држави со пристојна политичка и јавна култура таквите „генијалци" бидуваат експресно отстранети од општествениот живот. Во Македонија, напротив, ги одгледуваме како заштитена со закон ендемија. Кога е веќе така, предлагам Зоран Заев како нагледно средство (примерок) во сиот раскош на неговата уникатна еднодимензионалност да им се покажува на студентите на политички науки

     
     
     
    Изгледа дека овој Зоран Заев не е баш бистар. Се фаќа како клен на дудинка. И нормално, како таков, го лови кој ќе стигне. Со него ич не треба да се мачи човек. Треба само да реши дека ќе лови клен капиталец. Клен како клен! Лакомо ја залапува јадицата најдлабоко што може и без да му ја мисли. Се обидува да „мисли" отпосле, кога од рибино дупе ќе му дојде вибрација до рибин мозок. Ама така, почнува да се препелка и препелкајќи се, се набива на јадицата. 

    Домаќинов струмички сосема сигурно има фино место во политичката ризница на умови и креативци. Ретко се среќава политичар што во кратко време јавно искажал толку компромитирачки политички ставови на своја и на партиска сметка. Во нормални држави со пристојна политичка и јавна култура таквите „генијалци" бидуваат експресно отстранети од општествениот живот. Во Македонија, напротив, ги одгледуваме како заштитена со закон ендемија. Кога е веќе така, предлагам Зоран Заев како нагледно средство (примерок) во сиот раскош на неговата уникатна еднодимензионалност да им се покажува на студентите на политички науки. Зошто само струмичани да се во предност и да се гордеат со него? 
    1. Мораме да свиткаме малку ‘рбет за да влеземе во НАТО. 2. Да нема никој дилеми: ќе јадеме живи луѓе! 3. Партијата има план. Ќе вработува свои луѓе - од кафекуварка до директор! 4. Нема да има избори, ама да се спремаме како да ги има! 5. Нема да има избори. Ние сигурно нема да поднесеме кандидатски листи. 5. Во земјава допрва ќе се пука. 6. Не реков дека ние ќе пукаме, туку дека власта во нас ќе пука.
    Дур, бе! Клену еден! Немаш ли во блиска околина некој макар со две функционални мозочни виуги за да ти објасни дека си се набил во слеп сокак. 

    На кој СВОЗ те учеа на практичната примена „да живееме како да ќе има стогодишен мир, а да се спремаме како да утре ќе почне војна", та си го „разбрал" како што го кажуваш? Нели бе нема да поднесуваш кандидатски листи? Нели сигурно нема да учествуваш на изборите, кои нема да се одржеле!? За кој мој ќе се спремаш за непостојни избори на кои ти неотповикливо си решил да не учествуваш? И зошто бе власта би пукала во тебе кога нема да има избори? Што ќе правиш ти за власта да употреби оружје? Значи, си решил да ги попречуваш изборите, кои сепак ќе се одржат зашто државата е обврзана со Устав и закон да ги организира и спроведе. Ало, море! Ти да не си во Сомалија? 

    Значи, власта ќе организира редовни избори според закон и Устав, кои ти мислиш незаконски да ги попречиш! Се разбира, не со тоа што нема да поднесеш кандидатски листи. Имаш право да не учествуваш на изборите, посебно кога знаеш дека гарант губиш. Имаш право да не учествуваш и на „Евровизија" под кој било изговор. Ама пробај клену да им го негираш правото на учество на преостанатите, па ќе видиш „пошто боранија у пролеќе". Ти си „мислиш" дека ти е дозволено „уставно и неуставно, законски и незаконски, демократски и недемократски" да дојдеш на власт. Истото тоа си го мислеше и Слободан Милошевиќ во последните денови пред распадот на СФРЈ. Ова е негова легендарна изјава. Само што ниту Струмица ниту, пак, Македонија се прчија на татко ти или твоја по наследство. 

    Мудролијата на Слобо соодветствува на она што по дваесет и две години го говори СДСМ-раководството. Различно е само „времето". Штета за нив сите! Не разбираат дека времето тече само напред. Затоа, „устанаков" или балван-револуцијата што ги измисли Милошевиќ денес се фарса во изведба на СДСМ. Враќање во еднопартискиот систем, кој вработуваше свои членови од горе до долу, нема! Човекојадци нема повеќе ни во Амазонија, ни во Папуа. Свитканиот ‘рбет не е стандард никаде, па дури ни кај безрбетниците. И тие ако еволуираат, за да не изумрат како неприспособени, ќе се движат кон повисока, посложена форма. Дури и Северна Кореја полека почна да се реформира. Таму драгиот водач на својот индоктриниран народ дозирано почна да му прикажува цртани со Мики Маус за да не се шлогираат луѓето од нагло соочување со слобода и демократија. 

    Гледам јас дека и македонското општество ќе мора полека да почне и Заев и компанија да ги приспособува за нормален живот, само мислам дека со нив треба да се почне ептен внимателно и од далеку со нешто ептен просто, на пример, со Гуфи (Глупчо), оти за статусот на нивните способности да сфаќаат, Мики Маус е пресложен лик. Нешто како Ајнштајн за интелектуалните полутани.

    За крај на 2012 година, а во светло на настаните што ни ги приреди „императорот" на СДСМ, ќе потсетам на два историски настани со смешна конотација. Едниот е од времето кога водачот на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Георгиевски, одлучи да не оди на избори во 1994 година, зашто власта на Бранко Црвенковски ги фалсификувала. Љупчо подоцна призна дека бојкотирањето на изборите му било грешка. Црвенковски, од друга страна, го заболе уво што опозицијата не учествуваше на избори со аргумент дека ВМРО-ДПМНЕ не е единствена партија во опозиција. Опозиција прекуноќ добивме во ликот на Либералната партија на Стојан Андов, која беше составен дел од трипартитната победничка коалиција. Фарсата е во тоа што денес оној што вели дека згрешил кога излегол од изборниот процес, и оној кого тогаш го болело уво што конкуренцијата не излегува на избори, па комотно си истера цел мандат, денес како коалициски содружници заедно говорат дека избори без нив би биле нелегитимни, а државата партиско-полициска. Кленови!

    Вториот настан е од подалечната историја. Главен лик е императорот Калигула. Човекот си беше штрапан во умот. Се мислеше за бог. Немаше контакт со реалноста, кутриот. Еднаш сакаше да триумфира, па прогласи востание против богот на морето. Си беше замислил, ем посакал, Римјаните што го презираа, да му приредат триумф по одлучна битка со Нептун. И така, оти немаше кој од советниците или воените заповедници да му каже дека е луд, ја испрчи гордата римска војска на морскиот брег крај Рим и ги натера легиите и легионерите да собираат школки, ракчиња и други животинки што ги исфрлаат брановите. Со полни кофи потоа Калигула во триумфален марш, следен од својата победоносна војска, се врати во Рим и во Сенатот, пред сенаторите, го истури пленот. 

    Калигула и неговата генерација одамна ги нема. Споменот за човечката лудост и на оние што се спремни да ја следат, ете ги кај живеат безвременски. Само и во оваа приказна има еден детаљ, кој е многу битен. Дури и лудиот Калигула имал црвени линии. Го мразел Сенатот до даска, ама не му паднало на памет да го окупира, киднапира или узурпира. Дури и ако му паднало, Калигула во дејствата бил ограничен зашто ги немал креативците Горан Минчев, Есад Рахиќ, Сафет Бишевац или Рада Листопад Шеќеринска. Пред 2000 и кусур години, во оној степен на општествена еволуција и политичка организација, вакви комплицирани ликови на политичари не биле возможни. Да, дури и лудоста еволуира во полуди форми. 
    Кој разбра, разбра, кој, пак, не - нека му е на здравје иднината во минатото! 
     
       
    Автор: Mирка Велиновска
    Category: My files | Added by: Вељанко
    Views: 233 | Downloads: 0 | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025