Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2025-01-30, 9:22 PM
Welcome Guest | RSS
Main | File Catalog | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
My files [620]
Фајлови [11]
Фајлови уште еднаш [8]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Files » My files

    30 декември 2012 година
    2013-09-03, 6:24 AM
    Тогаш тие тројцата, како од една уста, почнаа да пеат во печката, да благословуваат и да Го прославуваат Бога:

    Благословен си Ти, Господи, Боже на татковците наши и фален и прославуван во векови и благословено е името на Твојата слава, името свето и префалено и прославувано во сите векови.

    Благословен си Ти во храмот на Твојата света слава и префален си и прославуван вечно.

    Благословен си Ти, Кој ја гледаш бездната, Кој седиш над херувими и си префален и прославуван во веки веков.

    Благословен си Ти врз престолот на славата на Твоето царство, префален си и прославуван вечно.

    Благословен си Ти врз основата небеска, префален си и прославуван во сите векови.

    Сите дела Господни, благословете Го Господа, пејте и прославувајте Го во веки.

    Ангели Господни, благословете Го Господа, пејте и прославувајте Го во веки.

    Благословете Го небеса, Господа, пејте и прославувајте Го во веки.

    Благословете Го Господа сите води, што се повисоко од небесата, пејте и прославувајте Го во веки.

    Благословете Го Господа сите сили Господни, пејте и прославувајте Го Господа во веки.

    Благословете Го Господа сонце и месечино, пејте и прославувајте Го во веки.

    Благословете Го Господа ѕвезди небески, пејте и прославувајте Го во веки.

    Благословете Го Господа сите дождови и роси, пејте и прославувајте Го во веки.

    Благословете Го Господа, огне и жару, пејте и прославувајте Го во веки.

    Благословете Го Господа, студе и горештино, пејте и прославувајте Го во веки.

    Благословете Го Господа, светлино и темнино, пејте и прославувајте Го во веки.

    Благословете Го Господа, леду и мразе, пејте и прославувајте Го во веки.

    Благословете Го Господа, шушлеку и снегу, пејте и прославувајте Го во веки. 

    Благословете Го Господа молскавици и облаци, пејте и прославувајте Го во веки.

    Да Го благослови Господа земјата, нека пее и нека Го прославува во веки.

    Благословете Го Господа планини и ридови, пејте и прославувајте Го во веки.

    Благословете Го Господа сите растенија по земјата, пејте и прославувајте Го во веки.

    Благословете Го Господа извори, пејте и прославувајте Го во веки.

    Благословете Го Господа мориња и реки, пејте и прославувајте Го во веки.

    Благословете Го Господа китови и се што се движи во водите, пејте и прославувајте Го во веки. 

    Благословете Го Господа сите птици небески, пејте и прославувајте Го во веки.

    Благословете Го Господа ѕверови и сиот добиток, пејте и прославувајте Го во веки.

    Благословете Го Господа синови човечки, пејте и прославувајте Го во веки. 

    Благослови Го Господа Израиле, пеј и прославувај Го во веки.

    Благословете Го свештеници Господни, пејте и прославувајте Го во веки.

    Благословете Го Господа слуги Господови, пејте и прославувајте Го во веки.

    Благословете Го Господа духови и души на праведниците, пејте и прославувајте Го во веки.

    Благословете Го Господа праведни и смирени по срце, пејте и прославувајте Го во веки.

    Благословете Го Господа Ананиј, Азариј и Мисаиле, пејте и прославувајте Го во веки, бидејќи Он не извлече од пеколот и не спаси од раката на смртта, не избави од вжарената печка и не спаси од сред огнот.

    Славете Го Господа оти е Он добар, и милоста му е во веки.

    Благословете Го Бога над боговите сите вие што Го почитувате Господа, пејте и славете Го, зашто милоста Негова е вечна.

    Царот Навуходоносор кога чу дека тие пеат, се возбуди, стана брзо и им рече на големците свои: Нели трите души врзани ги фрливме во огнот? Тие му одговорија на царот: Навистина така беше, царе!

    На тоа тој рече: Еве јас гледам четири души, како одат неврзани среде огнот и ништо не им се случува; и подобието на четвртиот е слично на синот Божји (Дан. 3, 51-92).
    Category: My files | Added by: Вељанко
    Views: 217 | Downloads: 0 | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025