Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2025-01-31, 2:37 AM
Welcome Guest | RSS
Main | File Catalog | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
My files [620]
Фајлови [11]
Фајлови уште еднаш [8]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Files » My files

    Д-р Јован Трифуновски
    2016-04-11, 3:27 AM

    Д-р Јован Трифуновски

    Д-р Јован Трифуновски-најпознат македонски антрополог, географ во Светот за Балканот од каде што продукцијата Мариово Филм ги користи неговите пишани документи за Македонија во документарниот серијал " ЗАБОРАВЕНИ МАКЕДОНСКИ СЕЛА" 

    Трифуноски е роден во гостиварското село Вруток на 23 септември 1914 година. Негов татко е македонскиот комита Филип Трифунов Лулков. Основно школо завршил во роднотосело, а гимназија во Тетово и Скопје. Дипломирал во 1939 на антропогеографската група на Филозофскиот факултет во Скопје, а од 1939/1940 ја завршил својата воена служба во Воено-географскиот институт во Белград, каде се здобил чинот Полковник на геодетската професија. Трифуноски есента во 1940 година, тогаш веќе како асистент на факултетот во Скопје, почнува со теренски тестирања на Прешевска Моравица и Прешевскиот Карадаг. Сепак, во мај 1941 година како бегалец од втората светска војна пристигнува во Белград и постанал асистент на Филозофскиот факултет во Белград, каде што останал до август, 1946. Потоа се вратил назад на Скопскиот универзитет, а по одбранетиот докторат на Српската академија на науките во 1950 поминува низ сите етапи на универзитетот во кариерата, од доцент до редовен професор. Докторската дисертација на Трифуноски е антропогеографска монографија Кумановско – прешевска Црна Гора и била објавена во 1951 година. Живеел во Белград, Србија, каде што и починал. По независноста на Македонија во неколку наврати ја посетувал Македонија каде вршел некои испитувања. Во една прилика изјавил:
    „Физички сум во Белград, но впрочем сум во Скопје и во мојот дом во Вруток на изворот на Вардар. “
    Трифуноски е автор на многу дела. Има напишано книги како: “Качаничка клисура”, “Скопска котлина “(6 книги),” Кичевска Котлина”, “Кривопаланечка област”, “Горна Пчиња”, ‘Врањска котлина” (2 книги),” Скопска Црна Гора”, “Кумановска област”, “Струмички крај”, “Овчеполска долина”, “Областа на Бабуна и Тополка”, Пиринскиот дел на Македонија и др.
    “Полог,” “ Aнтропогеографска студија “(565 страници) САНУ, 1976 година, која вклучува 142 на специјални населби.
    “Кочанска котлина : сеоска насеља и становништво /Kočanska kotlina : seoska naselja i stanovništvo, Скопје, 1970[2]
    “Скопско поље. „Насеља и порекло становништва“, “35, Београд, 1955;
    “Варошица Крушево,” „Гласник Етографског института САН“, ИВ-ВИ, Београд, 1957;
    “Битолско-прилепска котлина, “„Годишен зборник на Географскиот институт“, 17, Скопје,1969;
    Неговите книги и дела се богати со огромен број на податоци за потеклото на населението, историјата на местата и стопанските прилики, кои се од извонредно значење за географијaта и историјата на Македонија. Особено значење имаат неговите записи за местата и потеклото на населението во населените места во кои денес живее исклучиво албанско население. Во своите дела користи богат теренски собран материјал, како и наводи од средновековни записи и поменици на македонските манастири, македонски, српски и бугарски истражувачи како Ѓорче Петров, Васил К'нчов, Јован Хаџи-Васиљевиќ и други. Во неговите почетните дела веднаш по Втората светска војна се забележува македонскиот национален дух и идеја, кога тој издава дела за географијата на Егејска и Пиринска Македонија.

    Извор: “Мариово филм“

    Category: My files | Added by: Вељанко
    Views: 400 | Downloads: 0 | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025