Александар Дугин “Руско дело“ (“Рускаја вешч“) Извадок
“Белата точка“ на фигурата на Кузански
Капиталот, стремејќи се да стане чисто количество, има пред својот последен чекор кон планетарниот триумф цела плејада на тоа, што уште не го надминал, не го изживеал, не го преварил, не го трансформирал во екран исполнет со послушно трепкање на фосфоросцентната илузија. Таа плејада е остаток на животот, последната гранула на светлина во знаменитата фигура на Никола Кузански, која е преставена како два взаемно-проникнувачки триаголници - црн и бел. Со деградација на реалноста белиот триаголник се стеснува кон точка. Црниот станува цела површина. Тоа и е “царството на количеството“ (според изразот на Рене Генон) или “монетарниот систем“ (Атали). Инаку тоа се нарекува “постисторија“ (Бодријар) или “постиндустриално општество“ (Бел). Малечката бела точка, расејана насекаде, но суштествено единствена - само таа противстои на темниот притисок на парите. Барањето на таа точка, нејзиното утврдување, служењето на неа ја чини животната смисла на современиот нонконформизам, смислата на свештената војна против темната магија на Капиталот.
Капиталот се стреми да ги надмине последните прегради за својата тотална онтолошка слобода. Овие “прегради“ треба да се сплотат во “единствен фронт“. Фронт на “белата точка“. Но за тоа треба внимателно да се испитуваат сите пластови на реалноста, во кои може да се кријат квантите на она што не се пари.
|