Александар Дугин “Руско дело“ (“Рускаја вешч“) 2001 Извадок
Парите против времето и просторот
Бидејќи Капиталот сака да управува со сета реалност, неопходно му е да потчини две најобопштовувачки модалности - времето и просторот. Сето време и сет простор, кои имаат автономно постоење од парите, за капиталот претставуваат закана, ја намалуваат неговата моќ. Ако времето и просторот немаа квалитетни страни, тоа на Капиталот не би му претставувало проблем. Но тоа не е така. Постои квалитетно време и тоа се нарекува “историја“. Постои квалитетен простор и тој се нарекува “сакрална територија“ или “геополитичка карта“. Тоа и се двете последните пројавувања на “белата точка“.
Некогаш историјата и територијата биле прегради за човечкиот дух, кој се стремел кон вечноста, од другата страна на времето и кон ослободување од сите ограничувања на ситуацијата. Но времињата на духовна полнота одамна поминале. Денес светското зло е толку концентрирано и екстериоризирано, што сите негови претходни воплотувања претставуаат речиси светост. Ако порано “историјата и територијата“ подлегнувале на надминување, пред лицето на “тоталната доминација на Капиталот“, тие треба да се заштитат.
Историјата - тоа е време, кое има содржина, а територијата е - простор, кој има смисла. Капиталот сака да ја исцеди содржината и смислата и да ги замени со себе. “Колку чини минута етерско време?“ “Колку чини ова парче земја?“ Она време кое не е етерско, и онаа земја, која не се продава, не постојат во светот на Капиталот. Тоа се остатоци од “варварските цивилизации“.
Од сакралното време низ работното време кон етерското време. Од сакралната територија низ земјовладението кон контролата над виртуелниот простор. Таква е логиката на планетарното настапување на Капиталот на животот, логиката на финансискиот Спектакл.
Затоа паролите како “крај на историјата“ и “мондијализам“, “еден свет“ се борбен повик на слугите на количественото чудовиште. Фразата “End of History“ всушност означува “End to History“. А прогласувањето на “геополитиката како лажна наука“ во устата на либералите не значи ништо друго освен негова агресивна решеност да завршат со мноштвото на своеобразни култури и цивилизации на земјата. Тие го објавуваат она што би сакале да го видат. Дури не ни тие самите, а оној кој стои - поточно, лази - зад нив, гнилежно (пагубно) дише низ нив.
|