Александар Дугин “Руско дело“ (“Рускаја вешч“) 2001 Извадок
Според мерата на глобализацијата на либерализмот, торжеството на пазарната парадигма и детронизацијата од страна на Капиталот на историските алтернативи во планетарен размер (што се се случува сега) сите форми на општествена онтологија - од религиозна до социјалистичка, од национална до културна - се кастрирани (осиромашени). Во ова се состои свесната и декларирана цел на либералите. Либерализмот како најпоследователна и логичка форма на доминација на Капиталот е тоталитарно барање на отказ од сите форми на надвориндивидуална (неиндивидуална) онтологија, осознаена од самиот Капитал, од своја страна, како “корен на тоталитаризмот“. Во општата схема излегува, дека Капиталот на повисокиот (мондијалистички) стадиум од својот развиток се стреми потполно да ги лиши од последните траги на битието сите меѓуиндивидуални или надиндивидуални реалности, заменувајќи ги со екранските симулации на планетарниот Спектакл, општество на интегрирана слика, генијално претскажан од Ги Дебор наспроти крахот на советскиот систем.
Но потполниот отказ од меѓуиндивидуалните и надиндивидуалните реалности во својство на референтни структури раѓа колосален вакуум. Овој вакуум, отсуството на интегрирачки надвориндивидуален (неиндивидуален) субјект е пројавено и драматично ја илустрира културата на пост-модерната.
|