Александар Дугин “Руско дело“ (“Рускаја вешч“) 2001 Извадок
Русите живеат преку просторот. Тие се негови деца. Студијата за нашата душа е картата на нашата територија. Крвта, етносот и расата - тоа се како реки. Тие го оживуваат пределот на Евроазија, но не го предопределуваат. Ние сме - честички од телото на гигантскиот богатир кој спие. Нашата историја - е географска историја, откривајќи ја Евроазија, ние се спознаваме себе. Ние - тоа е Империја. Но не од татковински, сурово-административен тип, а попрво Империја Мајчинска, царство на мајките, Империја-Мајка. Ние не освојуваме и не покоруваме, ние нахрануваме, ние не воспоставуваме однадвор, ние проникнуваме внатре, ние не ја внедруваме формата, ние го оживуваме и го чуваме хаосот (чуваме од хаосот) (го запилкуваме хаосот) (пестуем хаос), ние не ја копачиме средината со закон, ние обучуваме (воспитуваме) на слобода. Таа руска слобода е парадоксална (како што е впрочем, и слободата воопшто). Некому може да му изгледа како крајна “неслобода“. Но кај нас се е парадоксално.
Обрнете внимание на тоа, како низ вековите се менува територијата на Русија. Таа пулсира, и со секое стеснување следува ново, уште позначајно раширување. Не се досетувате, зошто е тоа така? Затоа што земјата е жива. Тоа бие нејзиното тајно руско срце, туркајќи го воздухот, луѓето, водите и масите по свештените пространства.
|