Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2025-02-06, 11:12 PM
Welcome Guest | RSS
Main | File Catalog | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
My files [620]
Фајлови [11]
Фајлови уште еднаш [8]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Files » My files

    Александар Дугин “Руско дело“ (“Рускаја вешч“) 2001 Извадок
    2016-05-16, 3:42 PM

    Лингвистите од школата Пало-Алто (основач - Бејтсон) вовеле модел за изделување на два типа на логика. Едната е - рационална, другата - варварска (то ест нашата со вас). Рационалната логика (дигиталната, цифровата) оперира со сфаќањата “утврдување-одрекување“, пришто одрекувањето се мисли во оттргнувањето од секоја конкретност како “чисто ништо“ - непреставлива, но удобна во пресметките и анализите категорија. Рационалната логика, дигиталната мисла лежи во основата на западната цивилизација - во нејзината наука, култура, етика, економија.
    Но оваа логика не е единствена. Варварите (а исто така и децата, жените, поетите, мистиците, светите, ангелите) исто така мислат, но мислат поинаку. Тие не се обрнуваат кон чистото одрекување, не оперираат со тоа што е непретставливо, апстрактно. За нив одрекувањето на едно нешто е веќе несомнено (очигледно) утврдување на друго нешто, на местото на небитието кај нив стои инобитието.
    Кај варварите нема строго разделувачки црти меѓу нештата, суштествата, личностите. Тие тежнеат кон чудното сложено единство, кон интеграцијата на Се, кон слевање на разновидното во расцутениот, пулсирачки, органски свет, заситен со светол дух и пареи на плотта, умни енергии и пламени струи на страсти. Кај варварите нема смрт строго одвоена од животот, нема индивидуум, одвоен од општината - семејството, племето, нацијата, империјата. Кај варварите сонот и јаветео се испреплетени, живото (одушевеното) и неживото (невоодушевеното) соучествуваат во заедничкиот состав (ансамбл) на светот. Страдењето и среќата на варварите се - две страни на едно единствено доживување на светот, на еден пулс; двете се неопходни, претходно зацртани, како дишењето, како ритамот, како љубовта и гибелта. Потполна антитеза на рационалното барање на комфорт и благополучие.

    Александар Дугин “Руско дело“ (“Рускаја вешч“) 2001 Извадок

    Category: My files | Added by: Вељанко
    Views: 197 | Downloads: 0 | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025