![](https://scontent-vie1-1.xx.fbcdn.net/v/t1.0-9/13669091_1742589462648925_3744786368487558374_n.jpg?oh=988fb731276e88b7758fb38cb2f87efc&oe=57EB8011)
СТРАТЕГИЈА НА КОНТРОЛИРАН ХАОС ИЛИ ДРУГОТО ИМЕ НА ГЕНОЦИДОТ
......................................................................................................
Фразата „контролиран хаос“ најчесто се употребува за да опише нешто што изгледа како да е надвор од контрола, но кое функционира според невидлив систем на организација. Не навлегувајќи во дефинирање на т.н.теорија на хаосот според која тој е природна појава на сложени нелинерани динамички системи, стратегијата или доктрината на контролиран хаос е измислена и применета од луѓе кои имаат јасно определена цел, најчесто поразително негативна.
Контролираниот хаос може да се дефинира во повеќе варијанти, но онаа која ги поразува и девастира државите, културите и цивилизациите се постигнува со наметнување на серија деградирачки политички, економски, социјални, културолошки, информациски, воено-разузнавачки и други специјални мерки со цел ослабнување на државата и населението, нивно потчинување, експлоатирање и асимилирање. Со еден збор, наметнување невидливо ропство во служба на колонијалистичките и геополитички интереси на спроведувачот на контролиран хаос.
Сите појави како што се специјалните, психолошките, информациските и хибридните војни се во служба на создавање контролиран хаос на сите нивои на едно општество. (Во тој контекст слободно можеме да го ставиме и меѓународниот тероризам и разноразни видови на воени и државни удари кои интензивно ги сведочиме).
Генерално, серијата мерки со кои се спроведува контролиран хаос може да се сведе на следниве:
- Дезидеологизација на населението
- Отфрлање на „баластот“ на веќе постојните вредности и нивна замена со нечиј друг систем на вредности.
- Зголемување на материјалните очекувања, особено меѓу елитата.
- Губење на контролата врз економијата и нејзино конечно уништување.
- Незаконски акции од страна наводно спонтани движења кои често имаат етнички или верски карактер.
Тероријата на контролиран хаос е заснована врз промена на масовната свест, на светогледот и на духовната сфера преку субјективизирање, т.е. напад врз индивидуите со модерни облици на манипулација. Тоа е еднакво на глобална психолошка операција која е составен дел на глобализацијата која ја уништува културата на солидарност, заменувајќи ја со култот на парите и со социо-дарвинистички стереотипи за улогата на поединецот во општеството. На тој начин, способноста на масите да се спротивстават преку самоорганизирање е многу намалена.
Со оглед на ефектите од ваквите технологии, актерите на „контролираниот хаос“ постигнуваат две цели:
1. Намалување на населението преку елиминација на оние кои не им се од корист на архитектите на Новиот светски поредок. Неолибералните реформи доведуваат до демографска катастрофа со намалување на стапката на новородени и зголемување на стапката на смртност. Т.н. сексуална револуција, пропагандата на хедонизам, индивидуализам и конзумеризам ја намалуваат стапката на новородени. Социјал-дарвинизмот и индифирентноста кон страдањето на блиските ги лишуваат луѓето од нивната воља за живот и ја зголемуваат стапката на смртност. Огромниот број сиромашни и бездомни луѓе се претставува де факто механизам на евтаназија, со оглед на тоа што луѓето од тие категории умираат брзо, иако многу други луѓе потоа бидуваат повлечени надолу за да ги заменат.
2. Целта за уништување на државата која наметнува контрола врз нив е пресретната од транснационални компании, криминални структури, наднационални организации и институции кои се во служба на оние кои спроведуваат технологии на контролиран хаос. Оваа цел комбинира „мека сила“ со варварска воена агресија (Југославија, Ирак, Либија, Сирија). Овој процес ја забрзува контролата на агресорот врз глобалните финансиски, воени и информациски ресурси.
Треба да се одбележи дека економиите на САД и ЕУ растат не заради зголемувањето на нивното производство, туку заради повторна поделба на добрата помеѓу силните и слабите држави. Ова се постигнува преку ослабување на државите (обично вовлекувајќи ги во стапицата на задолженост), преку приватизација и преку купување на сите видови национални активи и ресурси, вклучително и природните.
Под притисок на финансиските институции, државата станува алатка на овој тип глобализација преку приватизација и намалување на трошоците за социјалните потреби, за одржување на науката и културата, за образованието итн. Државите исто така организираат масовни незаконски миграции на работници кои се платени многу пониско, што пак од друга страна ги лишува од нивните права. Во комбинација, двете цели ја лишуваат целната држава од нејзината способност да функционира како меѓународен фактор. Тоа е прикриен начин да се елиминираат економските конкуренти. Главните симптоми на загубата на суверенитетот се неспособноста да се забележи и интерпретира ситуацијата, да се надмине, да се афирмира идентитетот и способноста да се спроведат смели, пробојни идеи.
Како резултат:
1. Државата веќе не е способна за самовладеење, нема развојна стратегија, не може да обезбеди пристојни животни услови за нејзините граѓани и не може да ги гарантира уставните права.
2. Водечка улога во контролирањето на економијата и општеството имаат корумпирани официјални лица.
3. Средната класа исчезнува, бидува дезориентирана и отуѓена.
4. Политичките партии и движења се само фасади.
5. Социјалните движења немаат вистински ефект врз политиката.
6. Граѓаните се пасивни и имаат големи идентитетски проблеми во однос на државата, нацијата и семејството.
Евен неколку примери за погубните ефекти од спроведување на стратегијата на контролиран хаос, насочена кон уништување на основите на државно-националната независност.
1. НЕУТРАЛИЗИРАЊЕ НА ИМПУЛСОТ ЗА РАЗВОЈ
- Деструкција на државниот политички апарат преку вметнување на агенти од влијание.
- Инфекција преку корупција, промовирајќи го култот на парите.
- Бирократизација на владата.
- Отстранување на научната заедница од влијание врз државните политики.
- Митологирање на мотото „Пазарот ќе поправи се“.
2. БЛОКИРАЊЕ НА РЕФЛЕКСОТ ЗА РЕАКЦИЈА
- Масовен извоз на т.н. култни организации.
- Употреба на политички технологии во изборните кампањи.
- Преобразба на медиумите во рекламни агенти.
- Промовирање на примитивна масовна култура.
3. УНИШТУВАЊЕ НА КОМУНИКАЦИСКИТЕ ВРСКИ
- Индивидуализација преку неолиберализам, атомизација на општеството.
- Уништување на општествените врски.
- Уништување на транспортната мрежа.
- Промовирање етнички и верски конфликти.
- Класна поделба на богати и сиромашни.
- Генерациски конфликти.
4. НАМАЛУВАЊЕ НА СПОСОБНОСТА ЗА ВЛИЈАНИЕ ВРЗ НАСТАНИТЕ
- Употреба на манипулативни техники во изборните кампањи.
- Промоција на неолиберални идеологии како што се индивидуализмот и атомизацијата.
- Промовирање на култот на парите и на систем на примитивни вредности.
- Затворање на независните медиуми.
- Промовирање на корупција и криминализација.
5. СМАЛУВАЊЕ НА СПОСОБНОСТА ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ
- Уништување на домашната наука и образовниот прогрес.
- Деиндустријализација преку приватизација, банкротерство и уништување на националниот тренинг-систем.
- Елиминирање на контролата врз капиталот.
- Кредитна зависност од меѓународните финансиски системи.
- Неспособност за спротивставување на зависноста од увоз.
- Спречување на активното учество на општеството во развојот на земјата.
НАМЕСТО ЗАКЛУЧОК
САД се моментално најголеми извозници на „контролиран хаос“ преку остварување контрола врз држави и региони, спречувајќи ги во остварувањето на нивниот развој. Контролираниот хаос е де факто неоколонијализам кој ги преобразува државите во снабдувачи на суровини за земјите од т.н. Прв свет, т.е. Западот. Тој воспоставува предаторски односи и незаконско богатење преку експлоатација. Контролираниот хаос е безмилосна, суштински геноцидна пројава, споведувана од психопати чија цел е тотално завладување на светот по било која цена.
Се работи за суров инструмент за геополитичко војување кој крваво ги засега народите кои се на удар. Тој е уништувач на правото на живот со несогледиви последици кои планетава денес ги искусува во сиот нивен ужас и во невиден обем. Употребата на контролиран хаос е против сите меѓународните норми на немашање во внатрешните работи. Како таков, тој е подложен на легитимна борба против него, борба за опстанок.
Извор: “ЗАД ПОЛИТИКА“
|