Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2025-01-30, 8:51 AM
Welcome Guest | RSS
Main | File Catalog | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
My files [620]
Фајлови [11]
Фајлови уште еднаш [8]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Files » My files

    Јован Стрезовски
    2016-09-05, 5:04 AM

    Јован Стрезовски

     

    Ползавка

    Го освојуваше педа по педа просторот собен
    дојде до таванот
    Не можејќи да продолжи
    почна да се превиткува

    По неколку дена повторно направи лак
    се изви нагоре
    Туркајќи со врвот да продолжи во таванот
    се повреди - се исуши

    Подобро си одбра смрт
    отколку да се врати
    откаде што тргнала

    Пустинско цвеќе

    Со судни маки никна
    и се чинеше да се одржи
    да ја различи 
    и живот да и даде на пустината

    Но проклетство
    заврши во устата на камила

    Кал

    Пцости и клетви
    му изнаречуваме
    ако мораме да газиме низ него

    Отсекогаш
    го презираме

    А тој стапките ни ги чува
    отисоците
    како доказ
    дека сме постоеле

    Лавиринт

    Заплеткан во себеси
    се си е:
    земја, небо, живот

    Кај излезот 
    му се чини дека може да излезе
    но не сака

    Вон од него
    му се чини
    ќе биде поизгубен
    и пак се враќа во себе

    Слично на човек
    кој се трезни од пијалак
    и се штити така
    од тегобните опсади на душата

    Ѕверка во кафез

    Со години во кафезот чмае
    стуштена, јадовна што нема излез, спас
    Напати кога крај кафезот
    ќе помине некоја тишка:
    бубачка, гуштер, жапче
    ја пушта шепата низ решетките
    ги фаќа
    и ги држи во кафезот
    весела што ги заробува
    Заборавајќи кутрата дека е и таа заробена

    Сенката

    Сврзана е со судбината наша
    Трепери од секој наш непромислен потег
    и науми улави

    И кога се не напушта -
    таа е со нас:
    го дели и воздигот и падот
    и поразот и славата

    А кога ја нема -
    во нас е:
    ние тогаш ја следиме

    По смртта наша
    преминува во нешто Друго
    и губи претстава за нас
    Слично како што соковите преминати во нектар -
    губат претстава за цвеќињата свои

    Птицата и каменот

    Постојано слетуваше на каменот
    и му пееше
    да ја засака

    Кога чинеше дека ја засака
    ја најдоа мртва на него

    Злобник, 
    ја уби за да и ги земе крилјата
    Земјата за навек
    го окова за себе

    Коренот

    Пролет е
    и глеј дрвото како ја повраќа силата
    буи
    Зимата помината во сон
    заборави на се
    и му се чини како одново да се раѓа
    Но сувата гранка продолжува да се шири:
    го зафаќа дел по дел
    и му ја одзема силата

    Наоѓајќи се во опасност
    започнува една по една да ги одгризнува
    како што дивечот фатен во стапица си ја одгризнува ногата
    за да се ослободи

    И од страв
    се повеќе кон коренот се повлекува
    А знае дека токму од него
    иде опасноста

    Смртта

    Севидна е
    Семоќна е
    Сеопфатна е
    Мерка е на се
    Спојува неспоиво
    Меша простор - време
    и така владее над се
    Не префрлува преку реката на заборавот
    Ни отклучува тајни и чуда
    за да не присвои
    Не внесува во вечност
    поцелосна од сите

    Празнината

    Огледало без одраз
    длабина без дно
    Има привид дека ја владееме
    дека ја зафаќаме во облиците
    а таа е вон од нив
    Ги има
    како што и нас не има

    Со смртта наша
    станува поголема

    (Думитру М. Јон - МАКЕДОНСКА ЛИРСКА ФАЛАНГА)

    Category: My files | Added by: Вељанко
    Views: 200 | Downloads: 0 | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025