Читајќи ја “Автобиографијата“ на Григор Прличев добив некој увид, по мое, дека најголемиот раскин во (словенското) битисувањето на македонскиот народ се случил тогаш кога била укината Охридската Архиепископија, така се вели официјално, инаку, кога, впрочем, била купена од грчките фанариоти, поради што султанот пишал ферман за нејзино укинување. Оттогаш Македонците како да биле одземени од своето битие, од својот пат во традицијата и историјата и фрлени на некоја периферија. И како да се случил голем, за тоа време, а денес, и огромен би било, прекин на идентичноста и својственоста на нашиот народ. Училиштето било во тоа време поврзано со црквата, а во црквата се говорел грчки неразбирлив јазик. Кој сакал да учи, морал да учи грчко училиште. Што би било кога би останала наша тогаш и непрекинато, со денешни зборови, македонска. И потоа секој, ако требало понатамошно да се школува, пред се, бил упатуван во Атина. И ако некој ја читне книгата, а може и цела своја е-библиотека да си направи на Македоника.мк со пријавување ќе види дека затоа кога дошла Егзархијата била доживувана не како своја, туку како блиска, поради блискоста во јазикот, пред се, односно разбирливоста, и секако, желбата во тоа време за расцут на словенското битие, такаречено. Всушност, сметам дека Македонците имале потреба од враќање на своето битие по таквата, на свој начин, катастрофа која им се случила откога Цариградската Патријаршија им ја одзела основната храна. А како тоа со Егзархијата завршило покажала историјата. И повеќе пати со Бугарите. Зборот ми беше, во недоум или не, дека далеку од тоа Македонците да се доживувале како Бугари, дури напротив, а помалку безнадежни, до доаѓањето на своето кое требало на нивниот пат да дојде и да се постави на свое место.
ГРИГОР ПРЛИЧЕВ - АВТОБИОГРАФИЈА
Извор: “Македоника.мк“
|