“Праизбликот на уметничкото дело“ - Мартин Хајдегер
А што се чини полесно од тоа, битието да се остави да биде само битие, односно, тоа едноставно да се остави на мир да биде? Или пак, ние со оваа задача ќе стигнеме пред најтешкото нешто, што уште повеќе доколку една таква намера - битието да се остави да биде онака како што е - ја претставува спротивноста на онаа рамнодушност, којашто му го врти грбот на битствувачкото само заради сопствената вљубеност во некој непроверен поим на битието? Напротив, би требало да се свртиме лице в лице со битствувачкото, треба да мислиме за неговото битие задржувајќи го нашиот поглед подолго време врз него самото, меѓутоа, во истиот момент и да го оставиме да си биде спокојно во својата сушност.
|