Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2025-01-30, 8:55 AM
Welcome Guest | RSS
Main | File Catalog | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
My files [620]
Фајлови [11]
Фајлови уште еднаш [8]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Files » My files

    Мартин Хајдегер “Праизбликот на уметничкото дело“ (извадок)
    2017-02-18, 2:43 AM

    Мартин Хајдегер “Праизбликот на уметничкото дело“

    Светот светува и е многу побивствувачки отколку дофатливото и дослушливото во кое што веруваме дека се чувствуваме вдомено. Светот никогаш не е предмет што стои пред нас и може да биде посматран. Светот е секогаш непредметното на кое сме му потчинети, се додека патиштата на раѓањето и смртта, благословот и проклетството не држат завдадено закотвени во битието. Онаму каде што се донесуваат суштествени одлуки, каде што биваме прифатени и напуштени, занемарени и повторно побарани, таму светува светот. Каменот е без свет. Билката и животното, исто така, немаат никаков свет; меѓутоа, тие припаѓаат на скриениот набој на една околина во која се цврсто вклучени. За разлика од нив, селанката има свој свет, затоа што таа престојува во отвореноста на бивствувачкото. Производот му дава со својата доверлива сигурност на светот една сопствена нужност и блискост. Со тоа што еден свет се отвора, сите ствари ја добиваат својата замреност и заитаност, својата далечина и близина, својата широчина и теснотија. Во светувањето е збрана онаа просторна широкост, од која заштитувачката милост на боговите се подарува себеси или го откажува тоа. Исто така, и односот на отсуството на божеството е еден начин на кој светот светува.
    Со тоа што едно дело е дело, тоа ја распостила онаа просторна широкост. Ова суредување овде, впрочем, значи: да се ослободи слободното на отвореното и ова слободно да се суреди во неговата заемноповрзаност. Ова су-редување суштествува од споменатото востановување. Делото како дело поставува еден свет. Делото ја држи отворена отвореноста на светот. Ама поставувањето на еден свет е само едниот суштествен белег на делобитието на делото, кој треба да биде споменат овде. Вториот нему својствен белег, ќе се обидеме да го покажеме јасно на истиот начин, имено, со посредство на првиот план на делото.
    Кога едно дело се создава од ова или од она градиво - камен, дрво, метал, боја, јазик, тон - тогаш обично, се вели, тоа било изработено од таквото градиво. Меѓутоа, онака како што делото изискува едно поставување, во смислата на осветувачко-славословно востановување, затоа што делобитието на делото се состои во поставувањето на еден свет, исто толку неопходна станува изработката, затоа што и самото делобитие на делото го поседува карактерот на изработеност. Делото како дело е изработувачко во неговиот карактер. Само што, всушност, изработува делото? Ние тоа ќе го разбереме дури откако ќе го проследиме она што вообичаено и првостепено се нарекува изработка.
    На делобитието му е својствено поставувањето на еден свет. Мислејќи во видикот на оваа определба мораме да се запрашаме кој вид суштина има токму она во делото кое обично го нарекуваме делоградиво? Бидејќи производот е определен од полезноста и употребливоста, тој во своја служба го поставува ова, од коешто самиот се состои, имено, градивото. Каменот станува потребен и употребен во ракоделието на производот, на пример, на секирата. Тој исчезнува во полезноста. Градивото е толку подобро и посоодветно, колку повеќе тоа потонува безотпорливо во производобитието на производот. Наспроти тоа, едно дело како храмот, со тоа што тоа поставува еден свет, не прави градивото да исчезне, туку напротив, да се пројави и тоа, во отвореноста на светот на делото: во карпата се истакнува крепоста и спокојот и таа дури со тоа станува вистинска карпа; металите со тоа го достигнуваат својот блесок и сјај, боите својата зрачност, тонот своето звучно треперење, зборот својот изрек. Сето ова доаѓа до израз со тоа што делото се повлекува во масивното и тешкото на каменот, во цврстото и свивливото на дрвото, во крутоста и блесокот на металот, во светлината и темнината на боите, во звукот на тонот и во изговорната сила на зборот. Она, во коешто делото се повлекува и она коешто со тоа себе-повлекување дозволува да дојде до израз, ние го бевме нарекле земја. Таа е она што е пројавувачко/скривачко. Земјата е она на ништо неприсилено немакотрпно/неуморливо. Врз земјата и во неа историскиот човек ја втемелува својата вдоменост во светот. Со тоа што делото поставува еден свет, тоа ја изработува земјата. Изработувањето овде треба да се мисли во најстрога смисла на зборот. Делото ја турка и ја држи самата земја во отвореноста на еден свет. Делото и овозможува на земјата таа да биде земја.

    Category: My files | Added by: Вељанко
    Views: 325 | Downloads: 0 | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025