Празнина КОЈА сјае: Македонија Thursday, 2025-01-30, 8:47 AM
Welcome Guest | RSS
Main | File Catalog | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
My files [620]
Фајлови [11]
Фајлови уште еднаш [8]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Files » My files

    ЧИСТЕЊЕ НА САДОТ
    2017-02-20, 2:53 AM

    ЧИСТЕЊЕ НА САДОТ

    Кај учителот дојде ученикот и му рече:

    “О благословен, ти си сушта и вотеловена сомилост. Помогни ми да се ослободам од световноста и нејзините цели и разлози – уморен сум од тоа, и разочаран. Јас жаднеам по духовно спознание! Жеден сум да се ослободам од сите илузии и непотребности со кои обилува овој привиден, минлив свет“.

    Учителот му одговори:

    “Сине, духовната наука е тајна. Таа не може да му се довери некому кој за неа не е оспособен. Вежбај ја духовната дисциплина под моја контрола. Кога срцето ќе ти се прочисти, само од себе ќе ти се случи ослободувањето“.

    Но ученикот беше упорен:

    “Јас сакам ослободување овој момент. О учителу, подари ми го! Ти, кој си целиот сочуство и милосрдност, како можеш да ме лишиш од тајната на духовното знаење по кое толку многу жаднеам?! Како можеш да го задржуваш знаењето само за себе?!“

    Учителот му рече:

    “Утре ќе дојдам кај тебе дома за да јадам со тебе. Тогаш ќе ти објаснам зошто и како“.

    Следниот ден ученикот подготви повеќе јадења за учителот. Во договореното време учителот чукна на вратата. Го понесе својот сад за храна. Тој му го даде на ученикот и му рече да го наполни. Целиот среќен ученикот започна да одбира од сите јадења. Но кога сакаше да ги стави во садот, забележа дека тој е нечист и дека смрди.

    Застана и му се обрати на учителот:

    “О почитуван, најпрво морам да го исчистам овој сад. Инаку, сите добри јадења кои ти ги подготвив ќе се онечистат и ќе попримат неубава миризба“.

    Учителот рече:

    “Не грижи се за нечистотата. Јас сум толку гладен што не можам да чекам. Подоцна ќе го исчистиш“.

    Ученикот на тоа рече:

    “Воопшто не е добро да ја расипеме оваа добра храна која со голем труд и љубов ја подготвив за тебе, учителу. Морам да го исчистам садот пред да те послужам со храна во него. Зашто така доликува“.

    Учителот се насмеа:

    “Исто така, сине мој, ни јас не можам тебе да ти пружам знаење додека садот на срцето твое не се очисти. Бидејќи сега сам увиде како не доликува храната да се послужи во нечист сад, ќе сфатиш колку ми е мене потешко да влеам духовна храна во нечисто срце. Затоа стрпи се, се додека срцето не ти се исчисти. Тогаш ќе ја примиш храната на мудроста која ќе те направи бесмртен“.

     

    Индијска, суфиска и хасидска приказна

     

    Category: My files | Added by: Вељанко
    Views: 150 | Downloads: 0 | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025