Бедри Рахми Ејупоглу
МОЛБА
О господе! ... Доста маки од човечкиот род
Дај ми го делот од поднебјето наше
Да си го прострам животот како што милувам
Оддели ми ја нивата па макар била колку шамија
Покажи ми го дрвото што ќе ме засити.
О господе! ... Доста маки од човечкиот род
Само твоите раце нека шетаат во мојот живот
Само ти осуди ме, само ти укори ме о господе
И само ти посакај ми ја душата само тебе
Ќе ти ја дадам без да ја сокријам.
Од “Современа Турска Поезија - Фахри Каја“
|