Бедри Рахми Ејупоглу
Трпение и кисело грозје
Ако трпението и киселото грозје беа алва
Одамна морето ќуп со мед ќе беше
Земјата ќе беше наполнет чанак со мед
Во мед ќе беа нивите, морето, градините.
Ако трпението и киселото грозје беа алва
Не срами се сестро Рејхан кажи
Не срами се те молам мила моја
Покажи ги рацете, покажи ги дланките
Судбината е тешка таа не се чита
Остави ја судбината на страна и
Покажи ги испуканите петици
Ако можеш издржи го сето тоа, срце мое
Ако можете издржете го сето тоа, пријатели.
Од “Современа Турска Поезија“ - Фахри Каја
|