Фазил Хусни Дагларџа
Да се објасни слободата
Ти не си тигар, не си хиена
Ти си птица
Рамна на движењето на небото
Штом летнеш ќе заборавиш
Дека си еден дека си илјада дека си милион.
Ти не си поле, не си планина
Ти си птица
Во твоите крилја да се биде слободен
Во твоите крилја уште да се живее
Значи да се гледаат пресушени реки.
Ти не си спомнеик, не си земја
Ти си птица
Во твоите погледи влегла сината боја
Носејќи го човекот кон вистината и светлината
Леташ полетуваш.
Од “Современа Турска Поезија - Фахри Каја“
|