Фазил Хусни Дагларџа
ВИЕЊЕТО НА СТАРОТО ДРВО
Децата повеќе не ме каменуваат
Вљубените не врежуваат срца по мене
Јас дрво без лисја
Едно од измамените.
На сред бел ден врежувајќи ја смртта
Моите црни гранки во големото синило
Јас дрво без лисја
Сонот ми доаѓа се поблизу.
Не знаат бескрајните полиња
Не разбира птицата што слета на новите води
Јас дрво без лисја
Со корењата веќе исушени.
Ветрот од страв не може да влезе внатре
Од моите распукани кори
Јас, дрво без лисја
Се нишам на земјата.
Од “Современа Турска Поезија“ - Фахри Каја
|