Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 8:58 PM
Welcome Guest | RSS
Main | File Catalog | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
My files [620]
Фајлови [11]
Фајлови уште еднаш [8]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Files » My files

    Дијала Хасанбеговиќ
    2017-12-15, 4:46 AM

    Дијала Хасенбеговиќ

    ФИЛТЕРИ

        тетка ми седи сета озарена
        со приборот за полнење цигари
        в скут и вели: леле ми е драго што можам да ја видам
        зградава од карши пак.
        и се радува таа
        на погледот на зградата од карши и ѝ втрчува
        таа глетка во очи и се сместува во стаклениот поглед
        како од солзи наквасен а не од светлост
        се радува на погледот на соседната зграда како да го видела
        одамна изгубениот љубимец како ѝ втрчува в прегратка.
        јас гледам низ балконските решетки
        посадена в под како глинена фигуричка
        некоја кинеска
        една од оние што значат чувства
        на пример: тегоба.
        никогаш не доаѓаат, тетка, ѝ велам кога
        сугерира дека од оваа магла можело сенешто да излезе
        можеби и нечовечко и страшно? никогаш не доаѓаат.
        дури ни човечките и страшните веќе не доаѓаат.
        тетка ми се плаши дека во маглата има сѐ
        јас се плашам дека во маглата веќе нема ништо.
        може ќе мораме да се трупаме со тутун од пластични
        вреќи и да ги полниме шупливите цигари што сега одеднаш сите ги викаат
        филтери а сите ги викаа шупливи цигари ама изгледа на рајата ѝ беше премногу
        смешно денес е она називот што пократок постручен цена 3,
        тетка ми се плаши од работите што незабележани можат
        да седат во маглата со неа
        во добрососедски односи
        тукуречи во толеранција
        да седат во маглата со неа и ништо да не ѝ прават
        а јас се плашам дека веќе нема да имаме што да забележуваме
        кога еден ден маглата ќе се разиде.
        петардите почнуваат околу седум саатот навечер
        и воздухот веќе мириса на детство
        полно евтина пиротехника и сериозно оружје
        зад таквите прамени магла кога ќе се разидат
        веќе не се наѕираше ништо
        во мојата магла ништо не доаѓа
        сѐ исчезнува
        и точно ден пред да се разиде
        ја натрупав во долгнавестата пластична вреќа
        сета облека што никогаш не ја облекувам зашто грдо ме гледа
        и ѝ ја дадов на врата на жената што со неа го натрупа голфот двојка
        и отиде сета намирисана со квалитетна копија на
        la vie est belle
        во маглата.
        Првиот здив за првото утро беше неверојатен.
        Толку ми е драго што ја гледам зградата од карши пак.

    Извор: “Блесок“

    Category: My files | Added by: Вељанко
    Views: 235 | Downloads: 0 | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024