Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2025-01-31, 6:00 AM
Welcome Guest | RSS
Main | File Catalog | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
My files [620]
Фајлови [11]
Фајлови уште еднаш [8]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Files » My files

    Елините и Словените имале различно писмо 23 мај 2013
    2013-09-03, 10:49 PM

    Елините и Словените имале различно писмо

    Печтот од Говрлево, кој го откопал археологот Милош Билбија, е артефакт стар 8.000 години. На него пишува „СЛ С БГ СМ", што значи „само со Господ сум". Тој денеска се наоѓа во Музејот на градот Скопје



    AЦО СТАНКОСКИ, МАКЕДОНСКИ УМЕТНИК

    Македонскиот уметник Ацо Станкоски со години ја истражува материјата поврзана со писмото и со јазикот на овие простори. Тој објаснува дека постојат неколку докази што ги побиваат тврдењата дека писменоста на словенскиот народ им ја дала Грција.

    Прв доказ е печатот од Говрлево. Имено, него го ископал археологот Милош Билбија, а артефактот е стар 8.000 години. На него пишува „СЛ С БГ СМ", што значи „само со Господ сум". Тој денес се наоѓа во Музејот на градот Скопје.

    - Во тоа време не се ни знае каде се наоѓале Грците. На Балканот ги немало. Тие всушност овде затекнале пелазгиска или беластиска култура на древните Аријци. Кралот Пелазг им дал дозвола да живеат овде, на Балканот. Тие потекнуваат од племето Данајци, а пак зборот „данае" всушност значи следново - „да" е „не", нешто што Грците и ден-денес го употребуваат - вели Станкоски.

    Докази - Цоцев камен и Каменот од Розета

    Друг доказ дека Елините и Словените имале различно писмо е карпата Цоцев камен, на која има илјадници знаци на старословенски јазик. Душко Илиевски, чија специјалност е карпестата уметност и кој е најафирмиран научник од оваа област, има пронајдено 1,5 милион артефакти од праисторијата на овие простори.

    - И Каменот од Розета исто така покажува дека сме имале свој јазик. Лудвиг Пол Фасов, германски палеолингвист, кон крајот на 19 век вели: „’Илијадата’ и ’Одисејата’ се напишани на словенски јазик". Тој вели дека тие се бригиски (тоа е најцивилизирано македонско племе), односно се словенски дела. Теоријата дека Словените дошле од зад Карпатите е политички конструирана теорија, за потребите на тогашната Австроунгарска Империја, на британската држава и на другите народи - објаснува Станкоски.

    На кругот од Кносос знаци на протословенски јазик

    На прашањето дали има некое поново истражување во однос на писменоста, тој вели дека постои руско истражување за кое е снимен и документарен филм. Се работи за тоа дека на Крит, поточно на Кносос, која е најстара европска култура, Русите пронашле метален круг со знаци што ги декодирале, за на крајот да излезе дека тие всушност биле напишани на протословенски јазик.

    - Тоа покажува дека критско-микенската култура била древнословенска. Покрај ова, постои и теорија базирана на одредени сознанија, дека Грците кријат повеќе од 5.000 пелазгиски артефакти и ги чуваат во најголема тајност. Зошто би ги криеле, утврдете сами - додава Станкоски. 

    На Каменот од Розета (лево) и на Цоцев Камен (долу) има докази за постоењето протословенски јазик 

     
      
    Автор: Антонија Поповска-Христов  Фотографија: Игор Бансколиев
     
     
    Category: My files | Added by: Вељанко
    Views: 277 | Downloads: 0 | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025