Празнина КОЈА сјае: Македонија Friday, 2025-01-31, 6:21 AM
Welcome Guest | RSS
Main | File Catalog | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
My files [620]
Фајлови [11]
Фајлови уште еднаш [8]
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » Files » My files

    Апсурдни европски закони за поголем профит на компаниите 23 мај 2013
    2013-09-03, 10:51 PM

    Апсурдни европски закони за поголем профит на компаниите

     

    Со законот е јасно дека ќе се уништат независните и мали производители, оние што истите сорти ги одгледувале со години и со тоа ќе ги смена оние производи што сме навикнати да ги јадеме со години, а ќе треба да се навикнуваме на новите веројатно помалку вкусни зеленчуци и овошја. На тој начин производството на храна ќе го диктираат исклучиво големите светски компании, како познатиот „Монсанто"

     
     
     
    Закон со кој се регулираат кривите банани и кривите краставици или правилници со кои им се забранува на производителите на вода во шишиња да тврдат дека нивниот производ спречува дехидрација се само неколку од законите во Европската Унија што предизвикуваат исмејување и се сметаат за банални и крајно апсурдни. 

    Последена во таа низа се нареди новата обврска за сопствениците на ресторани во земјите-членки на Унијата да ги тргнат од масите шишенцата со наливно маслиново масло за да се заштителе муштериите од небрендирани производи. Замислете, малиот традиционален ресторан во некое медитеранско селце, чиј сопственик самиот произведува маслиново масло и можеби токму поради специфичноста на неговиот производ речиси секогаш се бара маса повеќе, од први јануари 2014 година ќе мора да го затвори својот бизнис со масло, кој се пренесувал од колено на колено. Тој ќе мора на своите муштерии да им сервира масло во мали шишенца за еднократна употреба што е брендирано и на кое ќе има декларација со наведените состојки.

    Некои европски правила се само апсурдни, како на пример тоа дека во земјите-членки е дозволено да се јаде коњско месо освен ако тоа не е од коњот што ви е домашно милениче. Некои директиви, пак, иако се апсурдни, јасно е дека се во насока на заштита на граѓаните, како на пример таа дека деца под осум години не смеат да дуваат балони без присуство на родител, бидејќи постои опасност да проголтаат делови од него. 

    Но од некои навидум апсурдни закони на Европската Унија јасно се гледа кој ќе профитира. Од последниот, на пример, веројатно големите производители, односно брендови што прават маслиново масло и производителите на стаклени шишенца.

    За малите производители пакувањето маслиново масло во мали шишенца за еднократна употреба е прескапо, така што веројатно тие ќе бидат принудени или да го зголемат цените и потрошувачка на стаклени шишенца или, пак, да се откажат од производството и да почнат да купуваат од големите фабрики што се занимаваат со производство на маслиново масло. Работата е јасна. Губат малите производители за сметка на големите. 

    Ова е само еден од примерите со кои Унијата ги уништува индивидуалноста, посебноста и спецификата на регионите и поединецот, а ги форсира унифицираните стандарди што ги задоволуваат големите корпорации. 

    Многу пострашен е примерот со уредбата на Европската комисија за користењето семенски материјал, која предвидува ригорозни мерки за користење на домашните автохтони сорти, а наместо нив, мора да се употребуваат исклучиво стандардизирани и унифицирани семиња. ЕУ навлегува во регулирањето на тоа што ќе си посадите во своите дворови, па садењето на автохтоните сорти ќе се казнува, замислете дури и ако го посадите во сопствениот двор за да си го јадете со сопствената фамилија и за сопствена употреба. 
    Со законот е јасно дека ќе се уништат независните и мали производители, оние што истите сорти ги одгледувале со години и со тоа ќе ги смена оние производи што сме навикнати да ги јадеме со години, а ќе треба да се навикнуваме на новите веројатно помалку вкусни зеленчуци и овошја. На тој начин производството на храна ќе го диктираат големите светски компании, како на пример познатиот „Монсанто". Па така, овие производители, кои дел од јавноста во западниот свет веќе ги смета за злосторнички корпорации што го уништуваат автохтоното земјоделство, а за сметка на тоа на нивите се сеат генетички модифицирани семиња, ќе ги контролираат производството и цените, па и гладот во поголемиот дел од светот. Сето тоа со амин и со одобрување на Европската Унија и нејзините законодавци. 

    Унијата што се формира пред сѐ поради економски интереси, децении подоцна продолжува да го прави истото тоа како свој главен приоритет, иако кога тамошните челници зборуваат за вредностите на сојузот, од уста не ги вадат демократијата и човековите права. Сѐ појасно станува дека законодавците во Брисел се водат од интересите на големите светски корпорации и бренд-фирмите кога ги создаваат законите и додека јавноста се занимава со нивната апсурдност драстично расте приходот на големите корпорации. 
    Европските медиуми веќе се прашуваат што е следното и дали по примерот на маслиновото масло ќе се регулира и употребата на шишенцата со оцет, соларниците, салфетките, чепкалките за заби или, пак, материјалот од кој се направени чиниите, а можеби ќе треба да се унифицира и видот на цвеќето што ќе стои на асталите. Од искуството досега, законодавците веројатно ќе се одлучат да го регулираат она за што ќе излобираат големите компании.
     
       
    Автор: Фросина Димеска  
     
     
    Category: My files | Added by: Вељанко
    Views: 238 | Downloads: 0 | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025