|
Од курсисти не бидуваат лидери 24-8-2012
| 2013-09-06, 2:11 PM |
Од курсисти не бидуваат лидери
Што му е на проф. д-р Ѓорге Иванов? Каква му е таа школа за млади лидери? Па ај школа, ами во неа угледен предавач да биде Филип Рикер или британскиот амбасадор во Македонија? Колку што разбрав, целта на „школата" била да произведе идни лидери во секоја сфера и тие да учат од врвни експерти и етаблирани лидери. Кои се по ѓаволите тие етаблирани лидери?
Што мајка бара Фил Рикер во Македонија ова лето? Па не еден, не два дена, туку цела недела да се мота? Да е Фрчко, познат работозависник, ќе си кажете дошол до овде само за „да му види дупе пут".
Ама не е. Барем формалноправно е поголема марка од Фрле. Значи, бидејќи не е кој било, ами заменик на помошник-секретарот за надворешни работи на Империјата, човекот очигледно дошол да подзаврши некоја „корисна" работа на теренот што го покрива. Ќе одржел предавање во некакваси школа за млади лидери!? Школата е под закрила на македонскиот шеф на држава. Значи, Рикер дошол по покана на наш Џоле. А кога е веќе тука, гостинот сакал уште еднаш на „самото место" да ни ја демонстрира поддршката на САД кон Македонија. И така, како империјален намесник, отиде во посета на институциите. Да ги охрабри да продолжат со добрата работа. Некои мои колеги се возбудија прекумерно. Почнаа да си прават бајрам со умот. Те Рикер дошол да поработи на спорот со Грција, те ќе нѐ нагазеле Америте со ново решение и сѐ некои такви работи.
Ама, пак утнаа. Рикер е тамам на местото од кое авантуристот за ич пари и со минимален ризик по него може да си го крева адреналинот додека упражњава воајерски туризам. Ако сака заедно со сите „пријатели на Сирија" ќе набљудува како врват работите со интраверската макљажа меѓу муслиманите, ако не, тогаш ќе си поработи малку на подметнување некој нов пожар. Македонија ова лето е тамам место за вакви возбуди. Ем како да е под радиоактивен вршник, ем трупци и пенушки во политиката има колку да ми сакаш. Оската Бранко - Љупчо -Мендух со американска помош пламна како троскот во почетокот на сезоната. Бесими во блиска соработка со Пол Волерс и поддржан и охрабрен од Рикер тукушто изгоре како нискостеблеста пенушка. Сега нему ќе му положуваат цвеќе на некој селски споменик како глупо паднат учка. И Али Ахмети само што почна да гори. Како и да е, изгледа пораснаа шансите Македонија уште еднаш да оди на предвремени избори. Ќе биде тоа третпат во шест години. Барак Обама се намерачил да го симне од власт Груевски и никако да му успее. Македонците веруваат во демократија и слободни избори па тоа ти е! Американците во војни и преврати. Затоа, со сигурност знам дека овој пат Никола Груевски ќе победи со службен резултат. Ќе собере како ништо 64 пратеници. Рикер си ги потроши на ланските избори сите изборни адути. Бранко, Љупчо, Љубе и Стојанчо свршија голема работа. Дури и да се надеваат на ново парламентарно мнозинство, белки не ги лаже до толку умот дека народот ќе дозволи да му инсталираат власт за која не гласал. Македонија по сите мерења не е банкрот-држава како Грција или Шпанија и Италија па разни „тројки" да ѝ поставуваат влади. Што би рекол еквадорскиот неетаблиран лидер Кореа, Македонија не е американска колонија.
Знаете зошто е тоа така? Зашто Груевски не посетувал некоја школа за млади лидери по урнекот на оние што ги организираат хегемони за одгледување бројлери.
Значи, дојдов конечно до темата. Што му е на проф. д-р Ѓорге Иванов?
Каква му е таа школа за млади лидери? Па ај школа, ами во неа угледен предавач да биде Филип Рикер или британскиот амбасадор во Македонија? Колку што разбрав, целта на „школата" била да произведе идни лидери во секоја сфера и тие да учат од врвни експерти и етаблирани лидери. Кои се по ѓаволите тие етаблирани лидери? По кои критериуми се определува етаблираноста? На пример, дали во етаблирани лидери спаѓа оној Карзаи што „управува" во слободен и демократски Авганистан? Или шеикот во Бахреин можеби?
Мене живо ме интересира формалната страна на проектов. Дали курсистите на крајот од обуката ќе добијат уверение од Џоле дека се „аз’р" лидери, дали ќе добијат диплома и со неа ќе конкурираат на лидерски конкурси? За кои делови во светот ќе им важи дипломата? Ќе можат ли да ја нострификуваат слободно или само во рабните подрачја на Империјата што тукушто умира. Зашто од искуството со претходниот Кумровец, знам сигурно дека ниту еден од курсистите не блесна ни како лидер во своето село, а камоли пошироко. Напротив, сите заедно успешно ја рокнаа СФРЈ во секоја смисла на зборот и во секоја сфера каде што беа ангажирани како авангарда.
Богами мора на нашиов лидер да му удрило високото УВ-зрачење во главата штом не видел дека фактички е покровител на нова кумровачка школа за дрил на слуги, сатрапи и тапанари. Дали ќе бидат носачи на тацни на источни или западни диктатури, за ниту еден слободоумен човек не е важно. Политичка школа си е политичка школа. Сакам да кажам, од политички пералници, по центрифугирање, не излегува ни саглам човек, а па лидер понајмалку. Бре, како да знаев минатава недела го исцитирав мудриот и искусен Ноам Чомски, кој испрати порака до Западот. „Лидери на иднината ќе бидат оние што го чувствуваат пулсот на својот народ, кои работат во корист и за интересите на својот народ, кои самостојно и суверено водат етички политики, луѓе со интегритет, визии, морал, идеали, одговорност, совест и храброст. За Западот е подобро навреме да почне да учи од овие примери зашто потоа ќе биде доцна". Малку му е доцна на Али Ахмети. Тој избра да биде американски слуга. Секојпат го гледам во друштво со американски службеници. Му кажуваат што да каже. Како и на Бесими. Тој не владее ни со својот живот, а зависи од милоста на господарот.
Годинашната листа на предавачи на македонскиот Кумровец очигледно по инерција е правена по ниски стандарди. Етаблираните лидери на Западот и нивните претставници во овој момент се планетарни губитници што слободно можат да се оценат со „џанк" политички рејтинг. Влезени се во „дабл дип шит". Лидерството во 21 век веќе се пресели на други адреси. Џулиан Асанж, на пример. Набил Раџип од Бахреин, Абдел Фатах од Египет, Алексис Ципрас од Грција, Рафаел Кореа и цела Латинска Америка од Мексико до Патагонија минусирано за Сао Томе и Принципе, и, меѓу ептен ретките во Европа, од 2008 година, на жал на Рикер, е и Никола Груевски.
Сѐ друго е гола вода. А кога сме кај голата вода, ајде да прашам, каде е славното и етаблирано ЗНМ? На колективен распуст ли е додека се случува револуционерна промена на светот - појава ептен ретка и се случува еднаш во неколку стотици години? Малку е необично за една слободарска асоцијација што докажано гине за слободата на зборот, да ги набљудува воајерски настаните сврзани со Џулијан Асанж. Ни збор поддршка не упатија до оние што го бранат правото на објавување на факти и вистини. Не се огласија ни за безобразното и арогантно газење на меѓународното право од страна на Велика Британија. Не се огласија ни по повод масакрот на рударите во Јужна Африка. Ни по повод двогодишната казна на Набил Раџип. Дали со молкот, заедно со „невладините" Фридом хаус, Хелсинки воч и други докажано „правдољубиви" организации застанаа на страна на вандалите и варварите? Или можеби молкот е зашто летово одмора и школата на американската амбасада за производство на етаблирани новинари и невладини активисти. Така е тоа: нема ли брифинг - нема ни став!
Ех, си мислам, жива среќа е за новинарството што Карл Бернстајн и Боб Вудворд, новинари што го разоткрија Вотергејт, не живееја во ова наше слободарско време. Ќе ги снајдеше исто што и Асанж. Од оваа временска дистанца гледано, републиканецот Ричард Никсон ми изгледа како колос на демократијата наспроти овој демократ Барак Обама.
Значи, ќе одиме ли пак на избори за да им кажеме како се станува лидер на оние што си мислат дека тоа се прави со кумровечки курсеви?
|
|
|
|
|
|
Category: My files | Added by: Вељанко
|
Views: 234 | Downloads: 0
| Rating: 0.0/0 |
|
|