ОШТЕТЕНА ЦРКВАТА "СВ.ДИМИТРИЈА" ВО ОКТИСИ
Во времето од 15 до 27 септември 2013 година, во село Октиси-Струшко, во црквата „Св.Димитрија", непознат сторител откако насилно ја отворил вратата, влегол внатре, го запалил платното со кое биле покриени свеќите и фрлил на подот една икона.
Увид на лице место извршила екипа од Полициската станица-Струга и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.
Извор: "Дневник"
|