Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:37 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  October 2013  »
SuMoTuWeThFrSa
  12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2013 » October » 12 » Интервjу-Македонија и Сирија ќе воспостават слободна трговија 12-10-2013
    2:20 PM
    Интервjу-Македонија и Сирија ќе воспостават слободна трговија 12-10-2013

    Интервjу-Македонија и Сирија ќе воспостават слободна трговија

     
     
     

    И покрај санкциите на ЕУ и војната во оваа држава, ова го најавува Мазен Хамур, почесен конзул на Македонија во Сирија и член на бордот на Стопанската комора на Дамаск

    Слободанка Јовановска



    Гоподине Хамур, од кога сте почесен конзул на Македонија во Сирија и кој беше вашиот мотив да се ангажирате на оваа функција?


    Почнав во 1997 година и оттогаш работам на развивање на односите во интерес на двете земји. Македонија е моја прва љубов. Уште веднаш кога стигнав во оваа земја во 1997 година, сфатив дека таа е многу ветувачка, земја со многу можности, со прекрасни луѓе, со убава околина, прекрасна култура - и се вљубив во неа. 



    Зошто дипломатските односи меѓу вашата и нашата земја се воспоставија толку доцна, дури во 2010 година? 

    Причина за тоа беа некои политички односи меѓу Грција, Турција и Сирија. Но, ние се обидувавме да ги олесниме тие проблеми и успеавме да воспоставиме целосни односи меѓу Сирија и Македонија, иако имаше притисоци врз нас. И покрај тие притисоци од други земји, ние решивме да бидеме со Македонија. Имав шанса да организирам посета на поранешниот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, на Дамаск, кој се сретна со претседателот на државата и со сите министри во владата.



    Сирија ја призна Македонија под уставното име, но по кризата нашата држава ја следи политиката на санкции и рестрикции на ЕУ кон вашата земја. Како го коментирате тоа?

    Малку го чувствуваме тоа, но се надевам дека Македонија нема сосема да ги следи инструкциите и рестрикциите на ЕУ, зашто она што се случува во мојата земја нема да доведе до промена на режимот, или промена на претседателот, и не е револуција, туку војна што ја водат џихадисти од надвор, кои ја уништуваат сириската економија, инфраструктура и индустрија. Сега целата меѓународна заедница сфаќа дека направи грешка и дека треба да ја преиспита политиката и санкциите кон Сирија и односите со неа, дека треба да се размисли за повторно отворање на амбасадите. Тоа е важно за Сирија. Тие што се борат против сириската влада се регрутираат од целиот свет, од многу националности, веруваат дека ќе заминат во рај ако убиваат, сакаат да ги убијат сите христијани и други верници, па и муслиманите ако не се на нивна страна. Сечат раце, палат и разурнуваат цркви, сексуално злоупотребуваат... Ова е црвен аларм за сите европски земји да ги преоценат политиките кон Сирија. Ако не се запрат тие што го прават тоа, истото ќе го прават во европските земји.



    Има ли Сирија некакво дипломатско претставништво во Македонија во моментов? 

    Да, нашата амбасада во Белград е одговорна за Македонија и наскоро ќе именуваме почесен конзул тука. 



    Како влијае оваа воена криза на вашата работа и, воопшто, како е можно да размислувате за некаква соработка на кој било план во актуелната ситуација? 

    Мојата цел сега е да направам што можам повеќе за вклучување на македонските компании во обновата на Сирија. Ги канам сите ваши компании, производители и извозници силно да настапат на сирискиот пазар, а македонската влада да почне повторно со посети на делегации и со градење силни односи со Сирија. Во моментов многу делегации од Далечниот Исток доаѓаат во Сирија за да ги одржат врските за по војната и за обновата, бидејќи тогаш тоа ќе биде важно. Македонија има многу добри продукти што можат лесно да се пласираат преку договор за слободна трговија, бидејќи нашиот пазар е уништен и сега недостигаат многу нешта. Од посетите тука видов дека македонските компании се многу компетитивни и сега се обидуваме да го отвориме пазарот за нив. Ако го добиеме бргу договорот за слободна трговија, вашите производи ќе можат да влезат со нула даночно оптоварување. 

    Значи, го чекаме договорот за слободна трговија меѓу двете земји, ги чекаме градежните и другите компании со различни економски активности да дојдат и да регистрираат компании во Сирија и да се подготват за обновата. Исто така, ги охрабруваме инвеститорите од Сирија, кои ги затворија своите фабрики или им се оштетени од војната, да дојдат во Македонија и да инвестираат во вашите слободни индустриски зони. Македонија сега е ветувачки пазар, таа ќе се развие многу брзо и ќе стане еден од најголемите индустриски центри мошне скоро. Се обидуваме да ги привлечеме сириските инвеститори веќе во следните месеци и за таа цел работам напорно во Сирија за да ги промовирам економските можности и новите регулативи во Македонија. 



    Имаше ли трговска размена меѓу двете земји претходно? 

    Да, имаше извоз на фармацевтски и електрични уреди од „ЕМО Охрид" во Сирија, но не и од Сирија наваму, бидејќи имаше некои економски пречки. Сега сите пречки се тргнати. Знам дека многу сириски бизнисмени планираат да инвестираат во специјалните индустриски зони и да користат земјоделско земјиште, бидејќи имаат пазар за своите производи, но им треба добро опкружување за производство. Освен тоа, Сирија има текстилна индустрија веќе три илјади години, а вие имате одлична работна сила. Многу луѓе можат да се вработат во таа индустрија. Ако производителите од текстилната индустрија дојдат тука и отворат фабрики, тоа ќе ја заживее вашата економија, ќе го зголеми БДП на Македонија и ќе ја минимизира невработеноста.



    Последните месеци е регистриран голем број на сириски бегалци во Бугарија и во Македонија. Која е вашата препорака до нив?

    Апелирам до нив да се вратат дома. Сирија е прекрасна земја, Дамаск е безбеден, а владата ќе им изгради нови домови. Нека не бидат бегалци во странство.



    Но, војната се' уште трае, има напади и стотина илјади загинати. 

    Војната не ја води владата, ниту пак се води со други држави. Станува збор за бунтовници и јас се надевам дека многу бргу состојбата ќе се поправи. Сега има безбедни области без борби околу градовите, така што бегалците може да се вратат назад. Сирија ќе биде повторно изградена, а тие ќе добијат помош во пари, храна и слично.



    Колку е голем обемот на разурнувањата во земјата?

    Шеесет проценти, но во клучните градови ситуацијата е речиси нормална. Компаниите работат, владата ги плаќа вработените во институциите. Сепак, има околу 150.000 џихадисти од целиот свет што се дојдени за да се борат во Сирија и јас се надевам дека владите кои ги помагаат ќе престанат да ги финансираат и да ги снабдуваат со борци, со пари и со оружје. Нека седнат на маса, нека преговараат, нека видат што треба да направат за да се изгради земјата, не да ја уништуваат. 



    Има ли некоја лекција од војната во Македонија што може да ви користи на вас сега?

    Македонија може да ја почувствува нашата ситуација многу добро. Се надевам дека македонската влада ќе помогне и ќе игра улога во рамките на Европската унија и во меѓународната заедница за да се запре војната во Сирија, односно да биде од помош на нашата земја и на нашиот народ, за да има мир, за опозицијата да седне на маса и да прифати да преговара.

     
    Извор: “Утрински Весник“
    Views: 284 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024