Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2025-01-12, 1:25 AM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  October 2013  »
SuMoTuWeThFrSa
  12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2013 » October » 29 » РУСКИ „KУМ“ СЕ СНИМА ВО БИТОЛСКО
    7:12 PM
    РУСКИ „KУМ“ СЕ СНИМА ВО БИТОЛСКО

    РУСКИ „KУМ" СЕ СНИМА ВО БИТОЛСКО

     

    Руската играната серија „Kум", посветена на српско-косовскиот конфликт, деновиве се снима во манастирот „Св. Ѓорги" во битолското село Велушина. Серијата се работи по вистинска животна приказна за рускиот гинеколог и голем хуманист Алексеј Илин, кој во текот на конфликтот лекувал и христијани и муслимани во Kосово. Играната серија ќе содржи осум епизоди од по 60-ина минути, кои ќе се емитуваат на првиот канал од Руската телевизија. 

    - Лајтмотивот на филмот е човечноста кај главниот херој. Серијата е прототип на животна историја на докторот што живее во Петербург и кој на крајот на 2000 година беше во Приштина. За него не постоеја никакви закони, тој им помагаше на сите луѓе, и на христијани и на муслимани, живееше по свои внатрешни правила - изјави режисерот Тимур Алпатов. 

    Во играната серија малку е изменето името на гинекологот, па тој се вика Илија Алексеев, а го игра познатиот руски актер Сергеј Пускеполис. 

    - Во војната луѓето се на граница на животот и смртта. Се создава некаков апсурд, кој тој тешко го прима и се обидува да дејствува, тоа да го запре. Него му е сеедно што е човекот по религија. Сценаристот на играната серија е пријател на гинекологот и тоа беше мотивот да го  направи сценариото - изјави Пускеполис. 
    Освен руски, вклучени се и македонски актери, меѓу кои е Ѕвезда Ангеловска. 

    - Ја играм улогата на Даниела, која е калуѓерка. Играм драматична и трагична животна приказна на една жена која е од страната на Бога, хумана и има здравствени проблеми, некој тумор и потоа е измачувана. Но, пораката е дека доброто ќе го победи злото, да има мир, љубов - изјави Ангеловска. 

    Руските филмаџии ќе ја снимаат серијата приближно еден месец во Битолско. Претходните денови тие снимаа сцени во манастирот „Трескавец" кај Прилеп. Изјавија дека токму природните убавини ги привлекле дел од проектот да го реализираат тука. Вториот дел предвидено е да се снима во Санкт Петербург и во Москва. 

    - Претходно дојдовме да ја видиме вашата земја, не знаевме апсолутно никој. Некој наш колега бил овде во Македонија, па ни кажа да дојдеме. Многу ни се допадна природата и многу ни одговараше на сценариото, а имате и квалитетни актери - додаде режисерот Алпатов. 

    Според продуцентот Владимир Анастасов-Вац, овој проект е почеток на поинтензивна соработка помеѓу македонската и руската кинематографија. 

    Снимањето на играната серија чини 3 милиони евра, од кои над 600.000 евра ќе се потрошат во Македонија. Битолскиот градоначалник Владимир Талески најави дека компанија од Kанада се интересирала за продукција во Битола. (Ж.З.)

     
    Извор: “Дневник“
    Views: 342 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025