Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2025-01-12, 2:07 AM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  October 2013  »
SuMoTuWeThFrSa
  12345
6789101112
13141516171819
20212223242526
2728293031
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2013 » October » 30 » Недопрената природа се преслика во песните на поетите
    9:53 PM
    Недопрената природа се преслика во песните на поетите

    Недопрената природа се преслика во песните на поетите

    Поетите си ги измерија силите во кратки книжевни форми, како што се кратките песни, хаику, хаибун и имажизам во рамките на проектот на Јован Ламбески и на Тони Димитров

     

    „Креативен викенд" во Лазарополе

    Очите печат,
    ноќ со пријатели, 
    пред фејсбук-чаршија.
    Васко Марковски 

    Очите се плакнат во Мавровско Езеро, Радика се пени, а Кораб ни држи сенка. Недопрената природа и душевниот мир што го создава таа неретко раѓаат стихови за паметење. Не случајно Лазарополе беше одбрано како локација за работилницата посветена на кратките книжевни форми, кратки песни, хаику, хаибун и имажизам, која се одржа викендов во рамките на проектот „Креативен викенд" на Јован Ламбески и на Тони Димитров.

    Учесниците на работилницата го окупираа Лазарополе и, насладувајќи се со боите на есента, на 1.350 метри надморска височина ја пуштија на слобода својата креативност.

    Лазарополе - непресушна инспирација

    Остатоците од ѕидови од куќи сведочат за историјата на ова село. Сите изградени со камен, со речиси иста архитектура, се распослани една до друга на лазарополските падини. 

    Серијата предавања ги отвори поетесата Елена Пенџова, која нѐ запозна со имажизмот, движење типично за англиските и за американските автори, кое се задржува на поетската сцена само шест години.
    - Имажизмот всушност претставува фотографии со зборови. Кај нас сѐ уште никој не ги практикува овие форми, па затоа одлучив да се пробаме во оваа форма, да си играме со јазикот и да бидеме први во Македонија што напишале имажизам - рече Пенџова. 

    Меѓу предавањата повторно ја впиваме природата. Се упативме по планинската патека кон врвот Цуцул. Шумот на лисјата нѐ охрабрува побргу да се искачиме на врвот. Неизбежна е кратка почивка на чешмичката Ѓурепиј. Легендата раскажува како немото дете Ѓуре се напило од водата и проговорило, а неговата мајка кога го слушнала, почнала да вика „Ѓуре пиј". Во височините на Цуцул, Ѓоко Здравески го интерпретира предавањето за аеролити на Искра Донева, која не беше присутна. Ги замрзнавме моментите со фотоапаратите, ги нахранивме белите дробови, се поздравивме со Цуцул и заминавме.

    Вечерта беше резервирана за поетските читања. Васко Марковски, Винета Иљоска, Владимир Мартиновски, Ѓоко Здравески, Иван Шопов, Атанас Чуповски, Елена Пенџова, Тони Димитров и Јован Ламбески ги споделија своите мисли во стихови во опуштена атмосфера, со придушена светлина и со акустична музика исткаена од жиците на мандолината и тамбурата, со елегантни примеси на кавал. 

    Најуспешен викенд

    Следното утро полурасонети се упативме кон црквата „Свети Ѓоргија", стара повеќе од 170 години, која претставува најпрепознатливиот симбол на културата во Мијачијата, со еден од преубавите живописи насликани во византиски стил. Овде лежи гробот на Ѓурчин Кокалески, борец против насилниците, градител на цркви, заслужен за образованието, чувар на христијанството и реномиран писател од овој крај. 

    Надвор врне,
    громот паднал во несвест.
    Дајте му вода.
    Јован Ламбески

    Стиховите продолжија да се нижат и додека го освојувавме врвот Соколица, домот на соколите, совршена сценографија за последното предавање на поетот Владимир Мартиновски, кој говореше за прозно-поетскиот жанр хаибун. 

    - Современиот хаибун е близок до краткиот расказ, во кој се вметнати и хаику-песни. Хибридност, едноставност, краткост, инспирација од патувањата се неговите главни карактеристики. Претходно пишував исклучиво хаику, но добив желба да напишам и хаибун, па оттука произлезе и мојата книга „Ехо од бранови". „Креативниот викенд" е идеален за кратки книжевни форми. На самото место се прават нови дела. Ми се допаѓа што можеме да твориме во природа, спонтано, во опуштена атмосфера - вели Мартиновски. 

    Според организаторите, ова патување на „Креативниот викенд" е едно од најуспешните, судејќи според творбите што непрекинато се нижеа една до друга. 

    - Целта на овие работилници е да се собереме и да твориме на едно место што е инспиративно како што е Лазарополе. Ги одбравме кратките книжевни форми затоа што се најмалку застапени кај нас - објаснува Тони Димитров, еден од организаторите.

    Следната работилница е закажана за април идната година, а темата ќе биде „Стрип".

     
       

    Автор: Сања Јачевска
     

    Извор: “Нова Македонија“

    Views: 449 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 2
    2 Вељанко  
    0
    Одев по улицата, 
    светилките место да се запалат
    се угаснаа

    Чудна работа

    1 Вељанко  
    0

    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025