Празнина КОЈА сјае: Македонија Monday, 2025-01-27, 5:30 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  November 2013  »
SuMoTuWeThFrSa
     12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2013 » November » 2 » Денес се празнува Св Прохор Пчински
    3:55 AM
    Денес се празнува Св Прохор Пчински

    Денес се празнува Св Прохор Пчински

    Преподобен Прохор Пчински

     
    Бидејќи се молеше за тоа, Бог му го покажа местото на неговиот подвиг. Тоа место беше на брегот на реката Пчиња. Свети Прохор се подвизуваше таму до старост и до својата смрт. Само Едниот Бог знае за сите негови подвизи и искушенија што ги претрпе во текот на овој живот. Но според неговите мироточиви мошти и безбројните чудесни исцеленија, коишто и денес не престанаа, може да се суди за големината на Божествената благодат што му ја подари Бог за неговите големи страдања. Свети Прохор се упокои и се пресели во Царството Небесно во 9 век

    Светиот пророк Јоил

    Втор по ред од малите Пророци, Св. Јоил беше син Ватуилов, од коленото Рувимово. Живееше 800 години пред Христа. Му ја пророкуваше бедата на Израилскиот народ и го предвозвести Вавилонското ропство за гревовите што ги направи Израилот пред Господа. Го повикуваше народот на пост и свештениците на покајни плачни молитви за да се смилостиви Бог. „Заповедајте пост, повикувајте кон Господа. Меѓу тремот и олтарот нека плачат свештениците.“ Пророкот Јоил го прорече и слегувањето на Светиот Дух врз апостолите и излевањето на благодатта на Духот Божји врз сите христијани. Го прорече и го опиша Страшниот Суд Божји. Ја прорече и славата на светата Божја Црква.

    Светиот маченик Вар

    Беше римски офицер во Мисир и притоа потаен христијанин. Кога седуммина хрситијански учители беа фрлени во затвор, Вар ги посетуваше во затворот, ги снабдуваше со потребното, им служеше усрдно. Им се восхитуваше на мачениците и жалеше што и тој од страв не може да стане маченик за Христа. Оние Божји луѓе го охрабрија и Вар реши и самиот да појде со нив на маки. Еден од тие Божји луѓе се упокои во затворот. Кога нечестивиот кнез ги изведе мачениците пред себе и виде дека се шест, запраша каде е седмиот. Вар извика дека самиот е седмиот. Тогаш разјарениот кнез прво го зеде и го мачеше Вар. Нареди и го биеја гол со суви стапови; потоа го приврзаа за едно дрво и со ножеви му сечеа парче по парче од месото, додека не ја предаде светата душа на Господ. Неговот тело го фрлија на ѓубриште. Некоја жена, Клеопатра, родум од Палестина и вдовица на некој офицер, се најде тука со нејзиниот син Јован. Тајно ги зеде моштите на Св. Вар од ѓубриштето и ги погреба во својот стан. Потоа измоли од кнезот дозвола да може да го пренесе од Мисир во Палестина телото на својот упокоен маж. Како на офицерска жена кнезот тоа веднаш ѝ го дозволи. Но блажената христијанка Клеопатра не го пренесе телото на својот маж, туку моштите на Св. маченик Вар. Таа ги однесе овие Свети мошти во своето родно село Едра близу Тавор и таму чесно ги погреба. Потоа на Св. Вар му подигна и храм. Светиот маченик често ѝ се јавуваше од оној свет, светол како ангел Божји.

    Извор: “Денешен Весник“

     
    Views: 311 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025