Празнина КОЈА сјае: Македонија Tuesday, 2024-12-24, 9:06 PM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  November 2013  »
SuMoTuWeThFrSa
     12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2013 » November » 2 » ГОЛЕМА ИЗЛОЖБА НА МАКЕДОНСКАТА ПРЕРОДБА ОД 18 И ПОЧЕТОКОТ НА 19 ВЕК
    3:56 AM
    ГОЛЕМА ИЗЛОЖБА НА МАКЕДОНСКАТА ПРЕРОДБА ОД 18 И ПОЧЕТОКОТ НА 19 ВЕК

    ГОЛЕМА ИЗЛОЖБА НА МАКЕДОНСКАТА ПРЕРОДБА ОД 18 И ПОЧЕТОКОТ НА 19 ВЕК

     

    Од понеделник во 19.30 часот,  во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, ќе биде отворена изложбата ,,Македонско профано сликарство (XIX-почеток на XX век)".

    На изложбата е поставен дел од македонското  ликовно творештво од периодот на Преродбата, кое во голема мера ќе придонесе за расветлување на раниот развој на современата македонска уметност. Пред македонската  јавност, покрај познатите и објавени дела,  поставени се  и досега неизложени дела, позајмени од јавни и приватни колекции. 

    Во XIX век  во Македонската ликовна уметност продолжува поствизантиската традиција на сликање на иконопис и живопис, по нарачка на црквата и младиот граѓански слој, така што сликањето на елементи и мотиви со профана содржина, се до  80 - те години на XIX век се остварува во рамки на религиозното сликарство. 

    Меѓу зографите - сликари кои имаат значаен допринос за развојот на македонската ликовна уметност во втората половина на XIX и почетокот на XX век се: Димитар Андонов Папрадишки, Ѓорѓи Зографски, Данаил Несторов Фрчкоски, Коста Вангелов, Ѓорѓи Андонов, Коста Шкодреану, Трајко Муфтински и др. Преку своето творештво, тие, успеале да се наметнат во прифаќањето на новите ликовни идеи за бавно напуштање на шематизираниот поствизантиски иконопис и живопис, во интерес на скромната појава на македонското профано сликарство. 

    Осамените дела  на Теодосиј Зограф и Дичо Зограф,  во почетокот и средината на XIX век, само го навестуваат она што во областа на македонската ликовна уметност ќе се случува во наредниот период. 
    Изложбата ќе ја отворат г-а Халиде Палоши, директор на Националната галерија на Македонија и академик Цветан Грозданов. Куратор на изложбата е Славица Алексоска. Изложбата ќе биде отворена до 29.11. 2013 година.

     
    Извор: "Дневник"
    Views: 270 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2024