ФОТОГРАФИИ ОД КОЛЕВСКИ ВО „МАЛА СТАНИЦА"
Изложба на фотографии од Дејан Колевски ќе биде отворена вечерва во 20 часот, во „Мала станица" во Скопје. Педесетина фотографии изработени во црно-бела техника ги обединува насловот „Поезијата на секојдневието". Во изложбата се поместени фотографии во кои централно место зазема човекот прикажан во урбана средина.
Во фотографиите направени на различни географски меридијани се доловени обични моменти од секојдневието во кои сите ние сме учесници и сведоци. Тоа се мали детали од секојдневието, уникатни ситуации кои го прават животот шармантен и возбудлив.
Дејан Колевски е член на Фото-сојузот на Македонија. Неговите фотографии се изложувани и наградувани на повеќе државни и меѓународни изложби на фотографија.
Извор: “Дневник“
|