Празнина КОЈА сјае: Македонија Sunday, 2025-01-12, 2:12 AM
Welcome Guest | RSS
Main | | Sign Up | Login
Main Menu
Main Menu
Statistics
Rate my site
Total of answers: 5
Statistics
Login form
Search
Calendar
«  November 2013  »
SuMoTuWeThFrSa
     12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
Entries archive
Site friends
  • Create a free website
  • Online Desktop
  • Free Online Games
  • Video Tutorials
  • All HTML Tags
  • Browser Kits
  • Main » 2013 » November » 3 » РУСКИОТ РЕЖИСЕР КАРЕН ШАХНАЗАРОВ ВО СКОПЈЕ
    9:11 PM
    РУСКИОТ РЕЖИСЕР КАРЕН ШАХНАЗАРОВ ВО СКОПЈЕ

    РУСКИОТ РЕЖИСЕР КАРЕН ШАХНАЗАРОВ ВО СКОПЈЕ

     

    Еден од најистакнатите руски режисери Карен Шахназаров од неделав вечер ќе гостува во Скопје, по повод ревијата на негови филмови што ја организира Филмскиот фонд на Македонија и руската амбасада во земјава. Прв филм што ќе биде прикажан е „Белиот тигар", кој беше руски кандидат за Оскар минатата година. Шахназаров е директор на продуцентската куќа „Мосфилм". Гостин од Русија е и режисерот Сергеј Симагин, кој соработувал на снимањето на филмот „Исчезнатата империја" (2008) на Шахназаров, а и одговорен за меѓународна промоција во „Мосфилм". 

    Ревијата од 4 до 8 ноември ќе се прикажува и во 15 градови низ земјава, опремени со дигитални проектори. Ќе бидат прикажани неколку филмови од Шахназаров: „Палата бр.6", „Ние од џезот", „Отрови", „Град Зеро", „Љубов во СССР". 

    Шахназаров (1952) е еден од најплодните руски режисери. Ги освоил големите руски филмски награди. За неговиот филм „Убиството на царот", Шахназаров бил номиниран во Кан во 1991 година. „Филмот „Ден на полната месечина" во Карлови Вари освои специјална награда од жирито, а „Американска ќерка" (1995) освои Гран-при во Шангај.

     
    Извор: “Дневник“
    Views: 280 | Added by: Вељанко | Rating: 0.0/0
    Total comments: 0
    Only registered users can add comments.
    [ Sign Up | Login ]
    Copyright Празнина која сјае © 2025